Нова воена единица во дивизија 3!

Day 2,560, 11:54 Published in Chile Pakistan by Light Angel

Ај здраво на сите!
Идејата за ова што ќе го напишам подолго време ја нафрлам меѓутоа никако да пробам да ја реализирам,најверојатно оти немам многу време и играва тотално отупе, али и натаму ја играме,зошто? Ваљда секој индивидуално си знај 🙂.
Како и да е, да не досадвам со многу текст ќе одиме директно.
Сакам да креирам воена единица во дивизијата во која мислам сме непобедливи, барем ЛГБТ земјава ја шлакаме редовно(без навреди , ако има) 🙂, дивизија 3!

Која е поентата на оваа единица?

1.Мислам дека доаѓа во прав момент после оваа каша со сојузов и ако бидиме неутрална земја, ќе можиме дури и малку забава да си дозволиме, нешто како платеници енд со он.
2.Организација која и тоа како и е потребна на МК , а оваа дивизија ако има добра организација мислам дека ќе прајт растур, не да се фалиме ама има доста добри профили.
3.Мислам дека во овој момент кога сме стигнале до оваа дивизија профилите ни се доволно силни и ќе немаме проблем дури и за парична организирана помош во вид на ЦЦ да понудиме.
4.Организацијата и хиерархијата можеме многу едноставно да ја наредиме оти зависи само од желбата.
5.Име и аватар ќе си изгласаме и одбериме.
6.За сите оние кои се во други единици и не би сменале по никоја цена нова единица, би ве прашал следно:Кога играва го изгуби квалитетот што го имаше зошто не би промениле нешто, јас сум во ТИГРИ од почетокот на мојата играчка кариера ( скоро 3 години) , па сепак во име на забавата би се впуштил во некоја непознатост.
7.Дека вреди да се спомни, плато грдосијата организира и по некој турнир во дивизии, па зошто да не таа наша единица не би била најдобра меѓу селава,м?
8.Мислам дека супер би било доколку би оделе во оваа единица според сила, што значи да има некој минимум за да се влези во неа, со тоа би направиле некаков предизвик за новите Д3 играчи или старите да ги подобрат своите профили.

Има многу работи кои би сакал да ги напишам како би одело организациски и што се можиме да направиме но прво ќе оставам на вас да одлучите кој се би се вклучил во неа т.е. каков е интересот прво!

Поздрав и незаборавајте да пишите!

П.С. Пример за ваква единица од Д1 и Д2 дивизија!
http://www.erepublik.com/mk/main/group-show/3245