Македонски Ебдо 2 [Buce]

Day 2,616, 05:02 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Добро утро,ден и ноќ сакани мои!

Брз заклучок - чим пишувам и мислам значи постојам...ама и дека жив сум!
Пред да започнеме со ова наше ново издание кое ќе го забавува мнозинството наши ценети претплатници, да се осврнеме кон моменталните случувања во нашата Македонска заедница.
И додека го пишувам ова заедно со помош на нашиот дописник од Егејска Македонија ВОДОВОДЏИЈАТА познат на јавноста и како ВОДОИНСТАЛАТЕР кој има за цел да ни ги пренесе случувањата во тој дел од нашиот Јужен тросед но за тоа во друг број... се случија доста перипетии односно заплети во овој дел од нашата држава кои ја разбрануваа нашата јавност.

Станува збор за следната ситуација :



Едно утро стануваш мамурен по долга вечер помината во една биртија со пријателите. Грлото ти е како нечепнат женски полов орган. Светот навистина се врти околу тебе. Случајно или не името ти е Бранко. И така застануваш пред ВЦ шоља убеден и охрабрен од фактот дека си роден стрелец, во хороскопски знак... го вадиш и почнуваш да уринираш сегде освен онаму каде треба.
Смејте се ама на секого може да му се случи ова или му се случило... нормално не на сите оти сите не го прават тоа стоејќи!


Власта презеде веднаш мерки, би рекол во афект, го го бомбардираа со обвинувања поради небрежност или невнимание при мокрење!

Како и да е според Македонски Ебдо не постојат знаци за саботажа или заговор поради приложените факти од страна на Феликс.

Да не должиме многу да продолжиме со традицијата наша на запознавањето на нашите верни и вечни еРепубликанци кои наполнија веќе 4 годинки и не носат пеленки!

Опс..грешка..ова е слика од некоја папка на ВОДОИНСТАЛАТЕРОТ (сакав да ја тргнам сликава ама веќе го објавив списаниево и веќе се печати)


Оваа е таа!

Одиме понатаму со претставувањето на сонародниците од мој агол...


Ридлер - Охриѓаниште комитско кое е во љубовна врска со Венда наша. Не знам што чека..можеби маслинка а можеби и немаТ купено прстен оти немаТ злато собрано на ерепов за да направиТ. Донирајте му!


ПЕШЧАНЕЦОТ - Лонче и капаче за се. Верен другар и контраш...со него никогаш не ти е досадно ако сакаш да се расправаш!


Таша - Девојката која е во брак со половина еМакедонци од кои 80% од нив и не и дале на знаење за тоа! Моментално пензионирана гинеколошко акушерска сестра во нашата еБолница.


Деда Мраз - За овој човек се е возможно. За да не се мачам да го опишувам и цртам ми испрати слика.


Македонец21 - 21 е бројот на ранкот стекнат од предавствата. Јаничар кој се служи со се за да стигне до данокот кој го должат Македонците веќе еден век.


ЗOРАН 1 МАКЕДОНСКИ - ЛИК НА СОВРЕМЕНОТО МАКЕДОНСКО ПАТЕШЕСТВИЕ КОЕ ИСТОВРЕМЕНО Е ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ДЕНЕШНОТО СТРАДАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРЕДВОДЕН ОД АРАМИИ И КОДОШИ!


Персеј Македонски - Бисер Балкански. Патриот да го наречеш е најмалку за него. Дури и кога не требаше пукаше за нашата мила Македонија од толку што ја љубеше! За жал не напушти во играва и се врати во својот приватен живот односно дом кој е на сликата.


Петко банкарот - Неправедно обвинет но и ограбен. Сторителот "непознат". Како таков остана црна дамка во нашата еИсторија. Ги освои оние 10/10 ресурси освоени за повеќе пари, не остави без пари.


Ирон Лион - Живее во сенка поради страв од полициска бруталност. Баскетболџија со префинет стил и железни нерви, железни нерви да ги трпи дуелите на баскет како и ќотекот од неговата девојка.

Тоа би било се во овој број сакани мои. Наредниот број очекувајте го зачинет со нови личности од нашето еПоднебје како и ексклузивниот извештај од нашиот побратим ВОДОВОДЏИЈА.
Одам јас пак во подрум да се кријам!

MEANWHILE IN WORLD CUP HANDBALL "QATAR 2015"





Вашето коњче,
Буце