Анализа на ЦП избори[2,010]

Day 2,506, 12:55 Published in North Macedonia Armenia by KopajMakedonce

Поздрав драги читатели о/.
Ова е прва моја статија од ваков тип па слободно оставете во коментар како можам да се подобрам.После неколку месеци неактивни избори конечно повторно имаме претседателска трка.Подолу ќе биде анализиран секој кандидат.

1.македонец21
Доста искусен играч со неполни 4 години играње.Истотака доста познат во македонската јавност со своите статии.Негова статија за кандидатура почнува доста реално ја прикажува положбата на нашата држава.Истотака има составено добар тим од стари играчи.Најголем дел има обратено на МНР и МА што е голем плус,но нигде ги нема останатите министерства кои се исто така важни.
Доколку биде избран за претседател се надевам дека ќе се воздржи од тролање бидејки тоа може да расипе се.
2.ПЕШЧАНЕЦОТ
Активен играч на военото поле па еве сега и на политичкото.Познат по својата единица за Д1 и огромните донации на леб.Кандидатурата си ја цепка во повеќе делчиња беспотребно,никој нема време да чита толку статии!Она што го прочитав е истото што го пишувале многу кандидати пред него,исто така ова му беше истакнато од еден друг играч.
Единствено што ветува е активност.За ова сум целосно сигурен дека ќе го исполни, по неговите статии се гледа дека има многу слободно време.

Доколку биде избран се надевам дека ќе знае како да напише тикет.

3.Всса87
Овој играч јас лично го немав сретнато пред и да ја напише својата кандитура.Нема пишувано многу статии но сепак долго време ја игра играва.Одлична кандидатура со план за оригиналните територии и бејби боом.Истотака ми се допаѓа тоа што вклучил огромен број на играчи во својот тим.
Единствено ме загрижува активноста,но се надевам дека доколку биде избран ќе се активира.

Ова беа кандидатите за овој месец се надевам дека ви се допадна статијата и не заборавајте да гласате!