Рефунд Систем 2.0

Day 1,521, 06:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

[img][/img]

Во моите минати статии, споменав дека се испробува нова варијанта на рефунд систем, преку ботот Алиса, која што беше тестирана на #udar2, а последните денови на сите УДАР канали. Веќе сте запознаени со принципот на работа на ботот Алиса и нејзините пресметки за направена вкупна и поединечна штета. Овој принцип беше истестиран и на Фалангата, и по сите тестови мислам дека е време да го спроведеме во акција.
Овој принцип, ќе внесе нова распределба на рефундот во еМакедонија. Распределба која ќе биде подеднаква за сите и веројатно најправедната до сега што е направена.

Што всушност е Алиса?
Алиса е поврзана со еРепублик. Со внесување на вашиот Ник од играта во базата на овој бот, Алиса може да прочита точно колку штета имате направено кога сте пукале и колку удари сте направиле со оружјето. Со овие пресметки, веќе нема СС оставање на канал, нема преправање на слики, манипулации со Фотошоп, нема собирање на тенкови и пукање кој каде стигнал. Алиса пресметува кога ќе и се каже, а тоа ќе биде јавно, на каналите, за сите да можат да видат.

Принципот на работа е прост. Единиците се распоредуваат на каналите #udar1234, како и претходно, но овој пат, наместо да се поделат тенкови, ќе се даваат наредби за мавање во една или повеќе битки. Пред почеток на битките, секој војник е должен да напише .vnesi {TAG од единицата} {Ник од игра} (без заградите). Доколку не го напишете ова, или го напишете грешно, Алиса нема да ве земе во пресметката. Самата единица ќе изгуби од својот рефунд. На крајот, се прави пресметка колку штета (influence) e направено. Државата, ќе рефундира по 0,00045 денари од 1 штета. Што значи, секој си пука со своите тенкови, единицата е должна на играчите да им подели тенкови колку што може. Секоја единица си знае како е најдобро да се направат повеќе тенкови. Со ова, мислам дека ќе избегнеме манипулации и пукање спротивно на наредба, а сепак, единиците за својот удар според наредбите на државата ќе добијат надоместок.
Процентот е одреден според можностите.

Сценарио, како се свикува и прави удар!

Војниците се повикуваат на каналите. Внесуваат .vnesi TAG (еден од предвидените) НИК (вистинскиот од играта). Со оваа команда Алиса ги забележува кај неа во систем. Овие информации мора да се точни, поготово Таговите и Никовите, во спротивно Алиса нема да ги пресмета овие играчи и единицата ќе биде скратена со рефунд.


Таговите кои треба да се внесат, по Удар: (Доколку некоја единица е испуштена, не е намерно, Ве молам во приватна порака пишете на Трајче Наш и ќе биде регулирано)

Udar1 tagovi: MTO Illuminati DemonS Immortals MSK
Udar2 tagovi: ArMakedon VOLK LAV ALFI DukeS Jokers
Udar3 tagovi: Panzer Chaos RD Kostaplers Rangers PR MNA
Udar4 tagovi: DBK MRA Tigri SS eBMPO RSI AG Crusaders Gemidzii

Или целата команда: Jас како член на МТО, одам на #udar1 и при самиот влез пишувам,
.vnesi MTO Trajce Petkov.


20 минути војниците ќе имаат шанса да дојдат и да се пријават на каналите, да ги впишат податоците и да чекаат наредба. Откако наредбата ќе биде дадена, се даваат команди на Алиса да ја направи пресметката колку оружје секоја единица има потрошено. Овие податоци се запишуваат и се пресметува процент од нив, по кој се разделуваат средствата за рефундирање.
Вакви удари, во зависност од потребите ќе се прават 2 или 3 пати дневно. Најчесто на почеток на приоритетна битка и 4 - 5 саати покасно, во текот на 3тата или 4тата битка, нормално по потреба.


Начин на добивање на рефундот:

Откако ке биде свикан ударот, Војниците доаѓаат на своите Удар канали, внесуваат ТАГ ИМЕ и чекаат наредби, Војниците како што веке спомнавме во голем % ке пукааат со своите тенкови, тенкот ке биде рефундиран од страна на државата на следниов пример.

По внесена команда од страна на МОД тимот алиса покажува која единица колку штета направила.

Единица МТО Штета 4 000 000 просечна сила 4250 Број на војници :35

е сега Модот при рефундирање на тенковите ке ја користи бројката Направена штета односно 4 000 000, таа бројка ке биде помножена со 0,00045 и го добивате рефундот кој ке го добие таа единица за следење на наредбите односно рефундирање.
Или во пример:

4 000 000 * 0,00045 = 1800 мкд
Или пресметано на следниов начин:

За да се направи горната штета од 4 000 000, војниците треба да испукаат 6,5 тенка (3000 удар просек), односно 35*6,5 =227 тенка, 227*30 мкд тенк = 6852 е вкупниот трошок за единицата, државата рефундира 1800 денара на тие средства односно

6852 - 1800 = 5052 мкд единицата треба да потроши.

Сепак ова е само груба бројка бидејки ако се земе дека пак војникот има удар од 4000 тогаш примерот е следен.

За да се постигне штетата од 4 000 000 потребно е да се испукаат 4.5 тенкови (4000 удар) по војник односно 35 (војника) * 4,5 тенка = 157 тенка, или 157*30 =4752 денари вкупен трошок.

4752 - 1800 (рефунд од државата) = 2925 денара трошок на единицата

Резиме:

- Направената штета се множи со 0,00045 денара
- во текот на денот ке има 2-3 удара
- Војниците кои ке следат наредби треба да бидат опремени од страна на единицата.
- Државата ке обезбедува тенкови за удар 2/3 дена во неделата (во зависност од приоритетот на битката)
- Термините ке бидат свикувани најчесто по потреба односно ке бидат најавувани 2 часа +- порано или пр:1 рунда па 3-4 рунда 6-7 за да можеме да имаме војници со ФФ во секое време.


Со почит
Мод тимот