[МзО] Наредби за ден 1760

Day 1,760, 06:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana



Почитувани Македонци,

И денес продолжуваме со напори кон исполнување на нашиот сон за освојување на 10/10 ресурси за прв пат во еМакедонската историја. За таа цел, потребно е да го освоиме регионот кој го содржи тој ресурс.

Затоа, приоритетно за денес: Селете се во САД и пукајте за востаниците во Aquitaine!


САД : Ослободителна војна на Франција - Aquitaine


Corsica ја враќаме на Франција! Не пукај во востанието!


Дојде моментот кој го чекавме откако сме додадени на е-мапата. Со оглед на нашата местоположба, никој досега не можеше ниту да посегне по 10тиот ресурс. Но сега е поинаку. Поминавме долг пат, почнувајќи од Балканскиот, преку Апенинскиот полуостров, па се до Франција, за да успееме во нашата исконска желба, да бидеме една голема еИмперија, која гордо се справила со сите предизвици и за посед го има се што оваа игра го нуди.

Дојде одлучувачкиот момент, кога секој Македонец треба да препознае дека сега е вистинско време да се вложи се за нашата татковина. Сите сме овде за неа, да ја претставиме нашата зМакедонија, а преку тоа и себеси, како една малечка но земја со луѓе кои имаат храброст и големи срца. Никогаш не сме се откажале, не смееме ни сега! Не кога сме толку блиску до победата! Да покажеме дека целиот овој пат, сите напори, преговори, тешки битки, не се залудни! Решавачката битка се одвива во моментов, бидете дел од неа, да покажеме дека Македонците ништо не ги запира! Заборавете на негативните дисциплини кои ги негуваме само на ден, и посветете се на помагање на еМакедонија. Сите заедно!

Само сложно можеме да успееме! За Македонија!


Со почит,
МзО тим