Новинарство - Проект дискусија [МнМ]
ivica08
Моментално новинарството во државава ни е речиси мртво, поточно се наоѓа во кома. Ретко кога се гледа некоја статија. Тоа е дел, поле од играва која треба да биде активно за да биде интересно и итно треба да бидат превземени мерки.
МнМ како политича партија по консултација со раководството одлучи да формира организација, поточно да реализира еден проект со кој ќе се обиде да го оживее новинарството. Начинот на кој ќе се буди интересот за пишување на статии ќе биде по пат на субвенционирање.
МнМ ќе ги субвенционира новинарите кои ќе напишат статија. Моментално сумата која ќе се дава на новинарот кој ќе напише статија е неопредела (непозната -😵
. Сумата ќе ја определиме преку јавна дебата на сите граѓани на еМакедонија тука во коментар.
Услови кои треба да ги исполните за да добиете субвенции:
1. Статијата да е објавена во Р.Македонија
2. Статијата да е на македонски јазик
3. Статијата да не е бесмислена, беспотребна и кратка од типот: коментирајте за мисија, суб за суб итн...
4. Статијата да не е поврзана за тема со некоја мисија од играва, упдејт или да не е упатена до администрација на играва
5. Статијата може да е поврзана со реалноста (РЛ надвор од играта) под услов да не е политички случувања во реалниот живот, друго се е оправдано.
6. Да ја испратите статијата (линк) до мојот ацц (или ако ни биде дадено акаунт од владина организација) ќе бидете информирани.
Сумата за субвенционирање е X, ќе се определи по пат на јавна дебата во коментар. Условиве се првични може да предложите за додавање на нов или за измена на некој од овие услови.
Начин на собирање на субвенциите?
*Субвенциите кои ќе се доделуваат првично ќе бидат собрани по пат на донација од страна на МнМ.
*Доколку владата е заинтересирана може да се приклучи и да го подржи проектот со одвојување на дел од бучетот (парично) или пак со доделување на организација.
*Граѓаните исто така може да го подржат проектот по пат на донација на пари.
Неделен извештај.
Секоја недела ќе биде објавен извештај за тоа колку пари и на кого се исплатени, од кого се добиени парите (кои се донаторите).
Comments
Новинарство - Проект дискусија [МнМ]
https://www.erepublik.com/en/article/-1344-2665039/1/20
Good luck
o/
Сите ќе напишет со среќа ама статија никој не ќе објавит
Со среќа 😃
o7
Се надеваме дека ќе има објави на статии особено од играчите кои се нови и им требаат пари. Тие што учествуваат и земаат пари од авио проектот како рефунд може да учествуваат и во ова, мислам дека нив ќе ги таргетира како група.
Интересна е идејата за заживување на овој дел од играта и јас би ја поддржал доколку биде спроведена.
Вака како првична рамка според мене би додал неколку предлози, доколку тоа не ви претставува проблем, како:
1. Еднаш или два пати во текот на неделата да има ваков настан
2. Да биде задавана одредена тема за настанот да биде уште попривлечен и правилно да биде гласањето за најдобра статија за одредена конкретна тема
3. Ќе треба да се креира и систем на гласање и прогласување на најдобрите според двоен систем:
3.1 Дел од гласовите да бидат од играчите, а дел од комисија која би се креирала
3.2 Процентот би бил 60% од играчите 40% од комисијата
3.3 Овој начин би бил можеби малце комплициран, но на тој начин би се спречиле злоупотреби и спам гласови од страна на пријатели или купени гласови
4. Играчите би можеле да гласаат преку статија која ќе ги содржи сите статии кандидати
5. Избор на членови на комисијата за гласање на статиите која би можела да биде составена од по двајца членови на топ 5 партиите во МКД кои би се бирале со гласање внатре во партијата кој да биде член на таа комисија, и на овој начин би се раздвижила и целокупната активност кај играчите
6. Право на глас да имаат само играчи со МКД ЦС над 25ти левел.
Ова вака само првично сега ми дојде како предлог погорните точки, па ако имате некое различно мислење слободно предлагајте како ви се создала вистинска организација и целосна функционалност на проектот.
Би можел да ви помогнам финансиски во поглед на наградите, додека опцијата за организација не би била можна.
Се надевам дека вашата иницијатива ќе доживее успех.
о7
секако ова е идеја,во статијава секој нека си даде своји предлози па што е најдобро сите ќе одбереме и ќе реализираме 🙂
Целта е да биде темата за пишување слободна, за да можат играчите кој на која тема има инспирација на таа да пишува, за да опфати поголем број играчи и да има почесто теми за читање, барем по 1/2теми во денот да се објавуваат.
Предлогот за натпревар на одредена тема во која ќе биде вклучена и комисија и гласање е добар, покрај ова каде што секоја статија би добила X сума на пари, да има и статии кои ќе се пишуваат на определена тема... или пак може статиите кои што се напишани во теокт на една недела а имаат најмногу (воте-гласови) да го испраќаат линкот, поточно да се пријават за победнички статии. Да има 1 2 и 3 место. Така што (воте би било прилично меродавно за квалитетот на статијата)
Порано имаше вотерс клуб не знам дали и колку е сеуште активен така да некој може да си нарача гласови и ете го победник 😃
Незнам ја мислам дека повеќе не работи ама не сум сигурен. Ако има некој информација дали работи или не нека каже.
umre toj sajt
[removed]
500
Васко Ефтов ќе ви ги соберит наградите 🙂
Ни фалит и Мирка Велиноска 🙂
и Миленко Неделковски xD
o7
https://www.erepublik.com/en/article/the-vict0ry--2664302/1/20
Join us for free food and tanks every day
Имаше слична ваква акција порано што фунционираше супер.
Сега? Тешко... 🙂
Сепак, подршка.