Нов министер и нова индустрија [МЗИ]

Day 3,160, 10:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Почитувани.
Благодарение на Стеф имам можност да бидам дел од владата за чија што досегашна работа се надевам дека сте задоволни. Ова ми е прво искуство и се надевам дека ќе добијам помош и од вас преку критики за да бидам успешен. Досега бев посветен само на борба и сакам да се пробам и во владини задачи. Ги разгледував претходните статии кои биле пишувани и знам што треба да се работи.
Ќе се обидам во продолжение што поточно и накратко да ја преведам новата промена на админите постирана на форумот.

АВИО ИНДУСТРИЈА
Значи админите ќе ги уклучат новите ресурси за кои се боревме пред некое време и тоа неодиум, магнезиум, кобалт, титаниум и волфрам ќе бидат ресурси за правење на авиони. На почетокот само q1 фирма за авиони ќе биде достапна. Слично како и за другите фирми и во овие нема да можете да работите како менаџер.

АВИОНСКА ВОЈНА
Админите како што самите наведуваат ги слушале предлозите на играчите во претходните месеци и години и сега ќе ги спроведуваат на дело. Ќе има можност да се води авионска битка и тоа секоја 4та битка ќе биде авионска додека другите ќе се нормални битки значи борба со тенкови. Во оваа битка нема да има поделба по дивизии значи сите борци од сите четири дивизии ќе пукаат на едно исто место. Авионската битка ќе дава 22 поени а за да се победи кампања ќе бидат потребни 94 поени. МППата ќе бидат активни во авио војната и нема да може да бидат епски.

ПРОИЗВОДСТВО
Рав материјалите за авионите ќе бидат исти како за тенкови или храна. Фабриките имаат минимално производство од 5 авиони. За да имате можност да пукате со повисок квалитет на ова оружје ќе треба да стигнете одреден ранк.

ПИЛОТ
Борејќи се како пилот добивате одреден ранк и напредувате. Вашата досегашна сила нема да има вредност во новиот начин на борба туку ќе има посебени вештини кои засега не се познати. Кога ќе бидат познати ќе бидат многу пониски од сегашните односно од тренирањето за да нема големи разлики меѓу старите и новите играчи. Ќе има слични објекти на теретаните за добивање на сила но ќе даваат помалку отколку теретаните. Кога ќе се борите како пилот сите играчи ќе добиваат ЕХП поени без разлика дали имаат купено Infantry Kit. Неможете да користете бустери додека статусот на елитен државјанин или пак бонис од природен непријател ќе се брои. Исто така забрзувачите ќе може да се користат. Ако имате War Stash ќе ви се брои бонус за пилотските перформанси. Во овие битки ќе може да се борите само со авиони други оружја или бомби неможе да се користат.

Infantry Kit во авионски битки

Овој пакет нема да има дејство во битките. Играчите кои го користат и сакаат да бидат дел од овие авионски битки и сакаат да освојат поголем левел или пак елитен статус или бесплатен тренинг ќе добијат тест пакет следната недела. Овој нов пакет ќе им даде можност на играчите да може да ја менуваат дивизијата без да треба да рушат објекти или плаќаат пари. Пакетот ќе биде достапен за сите играчи само одреден период. Ако сопственикот на пакетот го купи барањата за промена на дивизијата ќе бидат укинати додека трае пакетот.

The Pack will be available to all the Citizens for a limited period of time. If a Manticore owner decides to purchase the Pack, the requirements needed to switch Division will be lifted for the duration of the Pack's bonus. Максималниот удар кој можете да го имате во новата дивизија се пресметува според истата формула како што беше за битките за ресурси пред скоро време. Играчите кои ќе го купат новиот пакет ќе може да купат и Infantry Kit.

МЕДАЛИ И ДЕКОРАЦИИ
Посебни декорации ќе добијат играчите кои ќе ги достигнат новите ранкови на светско и национално ниво. Играчите кои ќе направат најголема штета на некоја од страните во битката ќе добијат медал сличен на БХ медалот но ќе се вика Sky Hero Medal и ќе дава 30 голд.

Се надевам сте задоволни од мојата статија.
Поздрав.
Аорон