НЕШТО ЗА ГЕМИЏИИТЕ

Day 3,114, 13:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonec2015

Гемиџиите — таен македонски анархистички кружок составен од повеќе млади Македонци, анархисти, кои го формирале кружокот под влијание на Македонскиот таен револуционерен комитет. Нивната акција во Солун во април 1903 година е позната како Солунски атентати, поради што Гемиџиите се познати и како Солунски атентатори.

Повеќето биле интелектуалци, младинци на возраст од 18 до 22 години. Од Велес биле Јордан Поп Јорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов. Покрај нив, во Кружокот биле и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Унгарката Ана Шапец и други.

Намера за атентат врз турскиот султан[уреди | уреди извор]
Во 1899 година Мерџанов, Ј. Поп Јорданов и Кирков разработиле план за напади и атентати кои требало да се изведат низ повеќе градови во европскиот дел на Отоманската Империја.

За да бидат изведени овие дејствија биле потребни финансиски средства и тие на разни начини се обиделе да ги добијат, а такво било грабнувањето на детето на Весови од страна на Мечев за чие ослободување добиле 200 лири. Кон крајот на 1899 година, Борис Сарафов ги ангажирал Мерџанов, Манџуков и Соколов, кои заминале за Цариград со цел да извршат атентат на турскиот султан Абдул Хамид II за време на неговата молитва. Но, тие набрзо се откажале од оваа намера бидејќи сметале дека планот е тешкоостварлив.

Тогаш кај нив се јавила идејата за кревање на Отоманската банка во воздух. Тие успеале преку Димитар Љапов и Симеон Трајчев да ги придобијат Калчо и Нанчо Стојанови од Ресен. На тој начин се создала нова група во самата престолнина кон која се приклучил и Ерменецот Кристи.

Обезбедување на експлозив
Преку Цариград за Солун пристигнале првите количина на експлозив, значителни количини се обезбедени од Виена (шверцувани преку воз) кои во Велес ги прифаќал Стефан Ќулумов, а последната количина била пренесена преку релацијата Ќустендил-Кочани-Велес-Солун.

Во Кочани експлозивот бил прифаќан од Тодор Органџиев кој го носел во Велес. Од таму динамитот за Солун бил пренесуван од страна на Атанас Малинки кој го пакувал во канти за шарлаган и го испраќал со воз.[6]

Се на се, гемиџиите обезбедиле 283 кг. динамит. Со овој експлозив, тие почнале да владеат со ситуацијата. Од страна на Делчев и Даме Груев тие биле убедувани дека акциите треба да ги усогласат со општиот план за востание, но поради некои информации кои се појавиле во странскиот печат, дека Организацијата планира напад на некои институции каде има европски капитал, како и мерките кои биле преземени од страна на турските власти за обезбедување на истите тие институции, придонеле гемиџиите да ја забрзаат акцијата за напад. Постоела опасност и од провала, која исто така влијаела за забрзано делување.

Солунски атентати


Гвадалкивир во пламен
Нападите започнале на 28 април 1903 година (нов стил) со експлозијата на парабродот Гвадалкивир, експлозивот бил поставен од Павел Шатев. Истата вечер Арсов, Мечев и Трчков поставиле експлозив на возот кој се обраќал Цариград-Солун, оштетувањата биле мали.

Константин Кирков на 29 април поставил мелинит под мостот каде минувале цевки од гасовод кој бил за осветлување и градот се нашол во темнина. Потоа Јордан Поп Јорданов го запалил фитилот со што ја разнесол Отоманската банка.

Трчков и Мечев се обиделе да го кренат во воздух главниот резервоар во фабриката за осветлување но биле спречени од чуварот. По неуспехот тие се разделиле, при што Трчков активирал една бомба во поштата, а Мечев фрлил две бомби во кафеаната Египет. По нападите тие двајца се забарикадирале во своето живеалиште и речиси цела ноќ се бореле со жандармеријата и војската, пред да се самоубијат тие фрлиле околу 60 бомби.
https://youtu.be/xgElq1aXVpo?list=PLGb5RJsYpzm1fOq1wAdQmgUJlSDx7BsPt