Мојата прва статија

Day 2,996, 18:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Samoubiec

Ќе започнам со неколку збора за мене. Можам да кажам дека сум стар играч, понекогаш помалку понекогаш повеќе активен, а неколку пати и неактивен на подолг период. Поголем дел од играњето ми е двоклик, не сум политички активен и не следам политика и што се случува, најчесто следам наредби од МУ. Весникот го направив со цел да добијам ММ медал (што сеуште не сум го постигнал после толку години), со можност еден ден да напишам некоја статија. Па тој ден дојде, се надевав ќе биде од друга причина, каде ќе споделам некое мое мислење, но ете така мојата прва статија ја пишувам за да завршам мисија. Знам дека статија ќе изгледа глупо, ама сепак првпат пишувам. Се надевам дека повторно во блиска иднина ќе напишам уште некоја статија во која ќе напишам нешто попаметно и вредно за читање (најверојатно за неколку години), а до тогаш останува да продолжам со мојот досаден двокликашки е-живот. И за крај најважното, како што кажав мисијата, би ве замолил да оставите по еден коментар.

Поздрав до сите е-Македонци!!!