Рака ти се позлатила Деки мајсторе

Day 2,982, 15:02 Published in Nigeria North Macedonia by Mighty Solider

Добра вечер браќа и сестри , Македонци и Македонки .Статијата ја пишувам инспириран од некои „хејтери“ и радоста за пласман во наредната фаза на европското првенство во ракомет кое се одржува(игра) во Полска. Се надевам дека и вие сеуште сте во еуфорија од вечерашниот натпревар против нашиот северен сосед , Србија(ПЈРС),во кој одигравме нерешено со гол на 3 ( три ) секунди до крајот.Дејан Манасков претходно ја имаше шансата да бидеме во предност и веднаш да ни биде заверен пласман во наредната фаза но , ние сепак сакавме да ни биде уште послатко,со гол во последни секунди да се пласираме во наредната фаза .Откако Дејан промаши следуваше одговор од северниот сосед , ни вратија со гол на 12 секунди до крајот на натпреварот.На 10 секунди пред крајот селектор побара тајм-аут , се договорија како мамицата да им ја расплачат , особено на оној Станиќ 😃 . Манасков повторно доби шанса на 4-5 секунди до крајот.Влезе во чекори , шутна на 2-3 секунди до крајот и .... постигна гол.Гол вреден како злато. И уште еднаш ќе напишам , рака ти се позлатила Деки мајсторе .

Видеото од голот на Манасков можете да го погледнете на следниот линк :

http://www.facebook.com/rakometnivesti/videos/1291672734191955/