Проклет да е кој не раздели [МЗИ]

Day 2,907, 03:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Добар ви ден народе.

Сакам да си го направам своето, бев на оваа фунција овој месец и како претходно така и сега секогаш сум се трудел да бидете навремено известени околу новите промени, и да добивате и информации првенствено за еРеп промени, а понекогаш и за политички промени кои биле по барање на ЦПто.




Помина уште еден мандат кој од моја гледна точка беше хаотичен, динамичен, непредвидлив. Како што поминуваше месецот така се повеќе и повеќе темпото и тензии на настаните спласнуваа. Можеби тоа беше и добар потег зошто ќе се заколевме начисто, можеби тоа беше тактичко земање здив за периодот кој следи. Добро знаете дека НАПот ни истекува на 7ми, и сеуште не се знае што и како понатака. За тоа ќе треба да одлучува новата влада на трите потписнички на НАПот.

Останува ние да бидеме спремни за секакво одвивање на настаните без разлика дали ќе се спремаме за војна на Југ или ќе одиме во нова авантура.

Тука би застанал со моабетов и ќе оставам простор на ЦПто да ви даде поделтани информации околу неговиот начин на кој тој го водеше мандатот.




Да се вратам малце на сработеното. Како по обичај не останав без ниедна статија, впрочем тоа е и мојот најинтересен дел на играва. Токму ова Министерство ме држи во игра и ми дава желба за да се подобрувам со секој нов мандат.

Во текот на овој мандат беа изработени следниве статии:

1. Кумее ти прегоре ќесето - статија во која беше опишана крвавата и херојска авантура на криљата на Д1, Д2 и Д3 во Северот на Америка

2. Дај марките!!! [МЗИ] - статија во која се обидов да организирам акција преку државата за собирање средства од посилно економските играчи за опремување со пакети на играчи од Д1, Д2, Д3. Статија во која имаше само 3-4 донатори на кои парите им беа вратени назад.

3. Ноќ на жените/јавач без мозок [МЗИ]
4. Награда БАГЕР [МЗИ] - Последниве две статии беа целосно посветени на турнирот кој заврши минаната недела. Се надевам дека бевте навремено и корисно информирани.




Во овој месец ќе имам пауза поради политиките на ЦПто кое му даваат право да го одбери својот тим и министрите кои ќе го поддржуваат во мандатот.

За крај имам една порака до мојата драга фотеља:

ДРАГА МОЈА ФОТЕЉО ЌЕ ТИ КАЖАМ САМО НА КРАТКО:

ПРОКЛЕТ ДА Е КОЈ НЕ РАЗДЕЛИ !!!


До некој следен мој ангажман во нечив мандат останате ми во добро здравје.

Министер за Инфомирање по 8ми пат.

akconel