Награда БАГЕР [МЗИ]

Day 2,903, 08:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Би сакал да кажам 2-3 збора околу наградите кои може да се освојат од овој циркуз.

Не знам зошто но на прв поглед овој новиот скин за тенк ми личи на некоја утнат проект за дизајн на багер. Можеби грешам кој знае.

Вака сега.



Со новиот тенковски скин имате една поволност. Наместо 10 енергија за удар ќе ви биде потребно 9 енергија за секој удар што ќе го направите. Значи ќе заштедувате по 1 енергија на секој удар. Со 100 фф вие ќе добиете + 100 енергија за пукање односно 10 фф.

Оваа поволност ќе ја имате на располагање од 2,906ти ден до 2,932ри ден значи околу 26-7 дена.

Покрај ова се разгледува можност да бирате помеѓу тенк скиновите дали да го имате стариот или новиот.

И секако најбитната работа без која никој неможе.

ДЕКОРАЦИИ.



Фала Богу ќе има три вида декорации:
- Декорација за играчите кои ќе го поразат јавачот без мозок
- Декорација за првите 1.000 играчи рангирани според бројот на Престиж Поени освоени во текот на неделава
- Декорација за играчите кои ќе освојат награди од сите 6 уништени можни објекти

Исто така како што пишуваше во статијата на citizenacko отворете си маилот за да добиете плус награда.



Имајте убав остаток од денот.

Министер за Информирање

akconel