Операција: БАЗА ВО ПЛАМЕН [мкд]

Day 2,871, 11:45 Published in Chile Serbia by Wisdom II

Ние, граѓаните не треба да го знаеме секој детал на секоја воена операција, во овој нов вид на војна,ниту пак медиумите треба да не информираат.
- David Hackworth, американски ветеран

Почитувани граѓани:
"База во пламен" им овозможува на командантите, вторите команданти и капетаните на воените единици,можност за започнување на воени дејствија на бојното поле. Ако вашата регимента би успеала да ја уништи целта,значи дека задачата е успешна а за возврат ќе добиете шанса за освојување престиж награди.

Во овој случај, командантите и капетаните на воените единици можат да постават воени цели на бојното поле.Едно поставување ќе трае 5 минути.Во рок од ова време секој член на вашата регимента ќе може да се придружи и да војува во одредена борба, поставена од страна на командантот и капетанот. Што повеќе членови на една регимента учествуваат во борбата, толку полесно ќе биде да се уништи целта.

Откако целта ќе биде уништена, членовите на вашата регимента ќе може да освојат 4 бонус Престиж Поени за секој удар во таа борба, во преостанатите 5 минути.Играчи кои ќе и помогнат на својата регимента и ќе поразат 10 такви цели ќе бидат наградени со уникатна декорација. Декорации ќе бидат доделени после завршување на мисијата.



Важно:
Играчите нема да имаат можност за менување на регимента еднаш дневно.
-Задачата (целта) нема да може да се постави ако битката траела подолго од 60 минути.
-Задачата (целта) нема да може да се постави ако битката е ЕПИК.
-Повеќе различни регименти можат да имаат иста цел за време на битката.
-Сите членови на регимента,без разлика на дивизија имаат задача за неутрализирање на истата цел.
-Без разлика на сила која ја поседува играчот,сите прават иста штета.
-Сите убиства направени во рокот предвиден за војување ќе носат 10% повеќе ранк поени. После 5 минути од предвидениот рок,нема да можат да се добијат бонус Ранг Поени.
-После предвидените 5 минути за исполнување на задачата,целта останува на бојното поле до крајот на битката,меѓутоа нема да носи никакви бонуси.
-Што повеќе задачи исполни вашата регимента,секоја наредна цел ќе биде потешка.Прогресот ќе се рестартира секој ден.

Операција: База во Пламен започнува 2872 00:00 по Ерепублик време и ќе трае 5 дена, се до крајот на денот 2876 23:59 Ерепублик време.