Македонија од друга перспектива!

Day 2,836, 12:38 Published in North Macedonia Israel by Black Coyote
Македонија е мајка на САД и прва допрела до месечината

Шкотите се луѓе коишто некогаш живееле во Македонија, но поради нашите чести војни со соседите(најчесто јужните)тие се одлучиле да ја напуштат Македонија и да тргнат во потрага по подобар живот.Одејќи на север “скокнале”(во оригиналниот документ го употребиле глаголот “скоцна”, слично зарем не?) до големиот остров Британија.Но тамошните домородци не биле пријателски настроени па нашите македонски пионери биле принудени да се движат уште по-северно, односно до северните делови на Британија.Овдека се измешале со тамошните домородци кои дошле околу 8000год. предходно.Секако дека нашите биле главните асимилатори 🙂 Тие го донеле рецептот за ракија кои денеска го викаат бренди.Играле игра слична на голф која се вика “котка”.Доаѓа од македонскиот архаичен глагол “коти”.За оние кои не знаат нешто да ти се “накоти” значи дека нешто толку многу ти се наместило така да лесно можеш да го погодиш(пр.На другар тѝ газозата/џамлијата ти се накотила, значи дека застанала некаде блиску до твојата).За дедо некои сеуште го користат истиот збор како и ние.Исто така конструкцијата на нивните традиционални облеки потекнува од нашата.

Да не ја заборавиме гајдата.
Регионот е планински исто како и нашата татковина па местото навистина им се допаднало, го нарекле Каледонија(по нашки: земја на тврдините).

Познати луѓе со шкотско потекло се Џорџ Вашингтон,Александар Бел,Џек Даниелс,Нил Армстронг,Бил Гејст и многу други. 50/50 се шансите дека се македонци 😉
Кога сонцето се буди гледа право во Македонија

Јапонија е земја која која исто како нашата од античко време има воспоставено култ кон сонцето.На прв поглед тоа не нѝ значи многу.Исто така веќе околу 90 години се служи со слично знаме како нашето.

Да речеме дека и тоа е чиста случајност.Ајде да го погледнеме нивниот лексикон:
-Нива кај нив се викаат градините уредени во нешто слично на зен стил.

-Казан значи вулкан,интересно е што нивните боговите храна ја готвеле во “казан”,вулкан.
-Јаре јаре е изрека што значи леле леле/види види.
-Козо е навредлив збор, би се преведило како детиште слично како ние што викаме “бесно како коза” за палавите деца.
Верувајте дека сум сретнал преку 100 слични зборови или изреки, за жал во моментов само на овие се сетив.Ако ве интересира прашајте ја проф.Јумина Каџима која ја истражува нашата блискост.
Заборавив да додадам дека освен јапонците и ние порано сме се служеле со закривени мечови наречени страјд(лат.) предци на денешните кукри мачети, наспроти јапонските катани.
Аманет од нашиот антички крал

Хунзите се племе кое живее во северен Пакистан.Потекнуваат од селото Балтир основано од војниците на Александар Македонски кои останале како гарнизон за околните територии.После толку века тие и до ден денес си пренесуваат од колено на колено приказни за Александар Македонски и многу ја сакаат својата татковина Македонија.Први масивни контакти со нив мислам дека имаа нашите камионџии кои возеа таму во 80-десетите, тие раскажуваа дека таму има луѓе кои многу ја сакаат Македонија иако никогаш во животот не ја виделе,раскажуваа како од среќа трчале по нивните камиони и ги поздравувале извикувајќи “Македонија”...И тие варат ракија која ја викаат “арак”,имаат слични етнички шари и секако сонцето е препознатлив мотив.Имам многу за пишување овде,па ви го препорачувам интервјуво.
Кога сонцето заоѓа исто така гледа во Македонија

Уште во 445 пред нашата ера Херодот зборува за неверојатните навигициски и морепловни вешнити на египќаните.
Први документи за патувањето на египќаните до Јужна Америка има уште од 1292 пред нашата ера(околу 1000 години по походот на Александар, значи веќе биле под силно македонско влијание), предводени од фараонот Рамзез Трети.Присуството на африканци во Јужна Америка е потврдено од самиот Колумбо во неговиот дневник, а е подкрепено и со научни истражувања. Иако навидум примитивни египедските бродови биле способни за само неколку недели да го поминат целиот Атландски Океан. Да не заборавам по Рамзес за околу 20-тина години односно 1311 пред нашата ера и кралот Абубакари Втори на империјата Мали испратил флота од 400 брода до Јужна Америка.
Очигледно е дека египќани и македонци се населиле овде, а за тоа зборуваат 2 непобивни факти:
Пирамидите

Знамето на Ацтеките


Ај сеа кажете дека не сме биле светска империја 🙂