Државни организации, државна заработка

Day 2,808, 14:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic

Целта на оваа статија е понудување на идеја за користење на организациите во државна корист, како и исполнување на мисијата со 25 коментари.


Основна идеја

Една од државните организации би можела да биде користена за заработување на монетарниот пазар (Monetary Market) а заработените пари би се користеле за финансирање на МПП-а, поставување на диктаторства, поставување Combat Order и сл.

Организацијата секако треба да биде раководена од проверен и доверлив играч кој знае добро да работи на монетарниот пазар и сака да помогне. Би можело доколку е потребно да има и неколку такви играчи како би им се олеснила работата.


Донации

Освен државни пари би можеле да се користат и пари кои играчите би ги доверувале на привремено користење за оваа цел.
Има голем број на играчи на кои релативно големи суми на пари им стојат на профил неупотребувани во поголеми временски периоди додека да им притребаат.

Штом им притребаат не би требало да е проблем истите да им бидат вратени во рок од неколку дена.

Донирањето и враќањето на парите треба да бидат направени јавно, со приложени скриншоти како доказ за трансакциите кои ќе бидат јавно објавувани и достапни.

Донациите кои доаѓаат од сомнителни извори треба да бидат одбивани, и секоја донација треба да биде враќана само на профилот од кој е направена како не би дошло до банирање на државни организации поради мултање.


Потребни ми се коментари за мисијата, па би ве замолил да коментирате на статијава.
Мисијата е извршена.


Apokaliptic