Тркало на среќата [МЗИ]

Day 2,636, 02:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добар ви ден Македонци.

Не, насловот на статијата нема врска со Power Spin што го дава Плато друго е значењето.

Претходните месеци беа едни од поактивните во последниот период. Месецот Јануари беше месец полн со убави празници за кои се надевам си поминавте најдобро што можете во рамки на семејството и пријателите. Сето тоа повлекува опаѓање на активноста, но и покрај тоа како влада се вложуваа напори тоа да се одржи на едно солидно ниво и да се обидеме да го направиме невозможното. (одржување на регионите во Канада)

Несмее да се оспори фактот дека Плато повторно успеа да создаде еден огромен хаос во е-светот на военото поле. Имавме преку 130 битки во истовреме, едноставно не се знаеше кој пие кој плаќа. Премногу војни, кои резултираа со намалени МППа на нашата држава. Многимина беа зачудени како е можно тоа. Па нормално бе дечки е можно кога секој на секого го напаѓаше без посебна стратегија и водење сметка дали ќе изгуби МПП со некој. Целта беше јасна. Собирање што повеќе токени.

И ние влеговме во тој вртлог од кој за жал бевме исфрлени далеку од таму каде што бевме. Се вративме назад, благодарение на двојната игра на Франција и Србија кои глумејќи пријателство и чесни намери за собирање токени на крајот го покажаа вистинското лице. Ова никој не го очекуаше колку и да се прават одредени играчи паметни дека очекувале такво нешто.

Во тие измешани недела дена нашите непријателите ја исполнаа целта. Не исфрлија од Канада. Сите знаеме како го постигнаа тоа после небројани пари фрлени против нас во битките. Битката ја добија, но не го скршија нашиот дух и глад за успех да продолжиме понатаму и да докажеме дека можеме и подобро од тоа, да докажеме дека можеме да станеме после ударите и повторно да ја играме нашата игра како што ние мислиме дека е најдобро, не само како влада туку и како држава заедно со секој играч.

Ете токму заради тоа оваа статија не случајно го носи насловот Тркало на Среќата. Многупати досега во текот на играњето сум напоменувал дека играва е тркало. Денес си горе утре долу. Тоа е факт кој досега не се покажал погрешен особено кога ние сме во прашање. Тоа е така и во реалниот живот но тоа е тема за подетална и поопширна анализа која оваа статија тоа го нема за цел.
Бевме горе, успеавме да правиме проблеми на конкурентите, а притоа да си ја направиме играта интересна и да ја кренеме активноста и моралот на ниво погоре. Поразот од Канада несмее да не демотивира. Сега сме долу тоа е така и мора да го прифатиме.

Нов месец, нов претседател, нов почеток, надеж за подобар месец од секој претходен. Како што беше напоменато во статијата на сегашниот претседател, акцентот овој месец ќе го ставиме на нашите соседи од југот. Премногу сме ги запоставиле. Бидете спремни не очекува интересен, а се надеваме и успешен месец.

Толку од мене се надевам ја сфативте пораката.

Министер за Информирање

akconel