Последна!

Day 2,622, 07:00 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Добро утро, Добар ден или Добра вечер на сите.
Нема многу да ви одземам време и ќе напоменам дека ова е една од најкратките мои статии.
Некои знаат, а некои не дека веќе подолго време се спремам да ја напуштам глупавава, избагирана игра, во која владее алчноста за пари и ништо повеќе.
Се надевам дека нареднава недела ќе стигнам до елитен граѓанин и после тоа ставам крај на едно дружење ( кое во минатите години се покажа многу добро, но во последно време почна да опаѓа се повеќе и повеќе ), долги непреспиени ноќи, нервози, смеа, радост...
Прво им се заблагодарувам на сите што ја имав таа чест да се запознаеме во РЖ и стекнав одлични пријателства и искрено се надевам дека тие познанства ќе траат.
За тие што не сме се упознале само ќе им кажам дека секогаш стојам на располагање за било какви собиранки и слични манифестации и доколку бидам поканет со задоволство ќе дојдам.
Се надевам дека сум оставил добар впечаток на повеќето од Вас и дека не сум згрешил на никого. Доколку сум му згрешил или навредил некој, на било кој начин, искрено и од срце му се извинувам и се надевам дека ѓе ми простат.
Исто така се надевам дека колку толку ве насмеав со моите статии, кои поголем дел за жал Плато ги избриша 🙁.
Преку оваа статија ќе направам поделба на тенкови на секој што ќе стави коментар и истата ќе трае додека има залиха. За некој ден ќе ги спуштам теретаните на прво ниво и неколкумина од вас ќе добијат по нешто плус 🙂
Само ќе ми биде криво што не станав ЦРЕП и не ве опљачкав и што не го добив медалот за новинар 😛
Ви посакувам многу здравје, радост, среќа во РЖ, а овдека на играва Ви посакувам да ја направите еМакедонија повторно ВЕЛЕСИЛА па можеби некад пак ќе се сретнеме.
Со почит:
Филип (ефиљо други)