Воени промени [МЗИ]

Day 2,611, 02:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


После промената во наградите за Борец на слобода, Вистински патриот и Мерценари медалите да се добиваат по 1.000 денари наместо по 5 голд, денес админите не изненадија со уште една промена.

За што поделтано се работи следува во текстот подолу.

Досега Епски битки беа главна карактеристика на Epic Warfire Турнирите. Од сега, ќе бидат доста позначајни. Сите промени кои се наведени подолу стапуваат веднаш на сила.

1. Поените потребни за добивање на војната се зголемуваат на 94

- Старата бројка на поени беше 83
- Ако 94 поени се достигнати од двете страни во иста рунда, тогаш: резултатите од дивизиите ќе бидат пресудни како и досега. Ако после пребројувањето на поени од дивизиите, едната страна добие 94 поени пред другата, таа страна победува без разлика на конечниот резултат. Прво се бројат поените од дивизија 1 па од 2 и т.н.

2. Штетата која е потребна за Епска битка трпи промени во сите дивизии

- Претходно тоа беше случај на последниот Epic Warfire Турнир
- Новата вредност се базира на просечниот број на штета што бил направен во 7 дена од сите војници во одредена дивизија. Формулата нема да биде откриена, и бројот на штета ќе варира во зависност од активноста на играчите.

3. Епска битка дава дуплирање на поените потребни за победа

Пример, битките во дивизија 1 даваат по 1 поен. Ако битката стане Епска, дивизија 1 ќе дава по 2 поени. Другите дивизии ќе даваат нормален број на поени ако не преминале во Епски.

4. Дупло повеќе голд за БХ во дивизиите каде битките станале Епски

Пример, освојувањето на БХ медал во Епска битка во дивизија 4 ќе дава по 10 голд наместо нормалниот број од 5.

5. Дупли број на престиж поени за пукање во Епски битки

- Ударите направени пред битката да стане Епска нема да се бројат за престиж поени
- Ударите направени откако битката ќе стане Епска ВО ВАШАТА ДИВИЗИЈА ќе ви носат дупли број на престиж поени

6. Битката ќе има статус врз основа на направената штета

Овој статус е видлив во делот на Воени детали, и може да се пресмета колку една битка е блиску до постанување Епска

Има 3 можни начини:

- Cold war (0 - 49.9% од штетата направена за битката да стане Епска)
- Full scale war (50 - 99.9% од штетата направена за битката да стане Епска)
- Epic War (100% - Битката е Епска)

ПРИМЕРИ

Пример 1

Шведска и Пакистан имаат резултат 86-86 и битката е активна само во дивизија 4. Заради големиот број на штета направен во битката, станува Епска, и на крајот, Шведска победува во битката. Шведска на крајот ја добива и војната со резултат 96-86, поради тоа што добиваат дупли број на поени од дивизијата 4 во последната битка.

Пример 2

Данска и Норвешка имаат резултат 92-92 и дивизијата 3 и 4 се уште се активни. Дивизијата 1 и 2 завршиле со победа на Норвешка. Битките во дивизија 3 и 4 завршуваат ВО ИСТА МИНУТА. Дивизијата 3 е добиена од Данска а дивизија 4 од Норвешка.

Резултат: Данска ја освојува војната (поради крајниот резултат од 95-97) затоа што дивизија 3 и помала од дивизија 4.

За повеќе прашања, коментари и останато посетете го Форумот.

Министер за Информирање

akconel