Нов ранг Легенда [МЗИ]

Day 2,589, 03:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Во оваа статија ќе биде објаснет делот околу новиот ранг.

Во е-Македонија има премногу легенди, али не во смисла како што ќе биде објаснето подолу.

Да започнеме со објаснување.

Што може да биде поголемо, помоќно и подобро од Бог на Војната или Титаните? Новиот ранг на еРепублик е за играчите на играва. Тоа значи дека токму вие можете да го ставите вашето име на новиот ранг.

Првиот чекор за да го добиете новиот ранг е 20 милиарди ранг поени (Титан *** е 10 милиарди). Следните чекори доаѓаат на секој нов 10 милиардити ранг поен (30, 40, 50, 60 и т.н.). Рангот ќе го добие името според првиот играч кој ќе го добие во земјата каде има државјанство. Вака изгледа тешко за разбирање па ќе го објасниме со примери:



Како што е прикажано на сликата, првиот играч со Финско државјанство кој го достигнал новиот ранг е Trico. После тоа, секој играч со Финско државјанство кој ќе достигне 20 милиарди ранг поени ќе добие ранг кој ќе се нарекува ,, Легенди на Финска: Trico Battalion I’’. Името на следниот ранг ќе биде доделено на првиот играч кој ќе достигне 30 милиарди ранг поени. Во овој пример, тоа е kamysie. Кога Trico ќе стигне на 30 милиарди поени, неговиот ранг ќе се нарекува ,,Легенди на Финска: kamysie Battalion II’’ Во меѓувреме, секој во Финска што ќе има 20-30 милиарди поени ќе биде со името ,, Легенда на Финска: Trico Battalion I’’.
Во иднина, kamysie е првиот играч во Финска кој има 50 милиарди поени. Новиот ранг ќе се нарекува ,,Легенди на Финска: kamysie Battalion IV’’. Римските бројки на крајот го опишуваат левелот на рангот. Тие се слични како ѕвездичките на рангот Титан и на претходните рангови.

Да претпоставиме дека Trico го променил своето државјанство и сега ја претставува Шведска по добивањето на 50 милиарди поени ранг. Никој во Шведска не достигнал ни 20 милиарди. Тој нема да биде во првите Легенди на Шведска, поради тоа што тој немал Шведско државјанство кога ги освои претходните ранг поени (20, 30, 40). Ако Trico стигне до 60 милиарди поени додека има Шведско државјанство, ќе добие ранг ,,Легенди на Шведска: Trico Battalion V’’. Ова е можно дури и ако никој не ги достигнал претходните рангови (20, 30, 40 и 50). Претходните ќе останат без име, се додека некој со Шведско државјанство не ги достигне.

Бенефити за играчите со ранг Легенда

Покрај популарноста, има неколку бенефити за достигнување на ранг Легенда. Како и сите претходни рангови, добивате по 5% повеќе штета. Исто така ќе добивате 10% повеќе штета кога се борите за државата каде сте го достигнале рангот. Оваа бонус штета е пресметана и од претходните таргети, не само од моменталниот. Сите бонус штети ќе се додадат за сите кои ќе го достигнат новиот ранг, не само личноста која го достигнала прва.

Пример.

Trico ќе ја добие нормалната 5% бонус штета за секој ранг што ќе го достигне. Покрај тоа, ќе добие специјални бонус штети за Финска и Шведска, поради тоа што имал и Финско и Шведско државјанство кога ги достигнувал овие нови рангови. Во меѓувреме Trico достигнал 80 милиарди поени или повеќе, и неговата штета на страната на Финска ќе биде 50% а за битките во Шведска 20%.
Ако некој играч веќе има повеќе ранг од претходно, ќе ги добие новите рангови афтоматски. Во продолжение следуваат 12те Легенди на Новиот Свет, и нивните рангови:



Во Грција и Чиле, имињата на првите 2 рангови се веќе завземени. Но, во Унгарија, првиот ранг е сеуште слободен, а играчот 1224333 го поседува 2риот ранг.
Имајте на ум дека:

- Ако Легендата си го промени државјанството, рангот останува ист и играчот си го задржува статусот од оригиналната држава.
Во ова се вклучени и бонус штетите.
- Ако играчот достигне нов ранг додека има ново државјанство и во таа држава сеуште не е достигнат тој ранг, тој ќе го постави своето име на тој ранг. Ова ќе се случи без разлика дали државата имала претходно Легенди или не.
- Ако државјанинот си го промени името, името на рангот нема да биде променето
- Тимот на еРепублик го задржува правото да ги менува имињата на играчите кои ќе ги достигнат новите рангови, ако името е вулгарно или на некој друг начин несоодветно.

За прашања и повеќе информации посетете го Форумот.

Министер за Информирање

akconel

Заменик Министер

Tony Lj Cvetkoski1