Операција Англиска Кралица [МЗИ]

Day 2,576, 00:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Во претходната статија од ова министерство бевте запознаени со планот за воздушниот напад над Канада и заедничкиот план со Хрватска и Сириус за ослободување на Англија, акција која во владата ја нарековме: Операција Англиска кралица.

Сакам оваа статија да ја искористам за да ви упатам благодарност што не поддржавте во нашите цели и покажавте борбеност и организација, со што упативме апел до сите е-држави дека Македонија сеуште е на играва, дека Македонија сеуште е сложна без разлика на потешкотиите и црните периоди во претходните месеци.
Имавме многу тежок ден иако навидум изгледаше едноставно.

Сакам да упатам една голема благодарност до Англичаните кои беа иницијатори на оваа акција и непоколебливо редеа пари во нашите битки за да успееме да го реализираме планот, воедно ни го пружија ова задоволство да се почувствуваме корисни и ја вратија желбата за играње меѓу нашите играчи.

Голема благодарност и до Аурора членките пред се Бугарија, Индонезија и Венецуела кои и покрај нивните проблеми несебично како и секогаш ни понудија помош и ни беа ветар во грбот.

Продолжуваме со акциите на островот.

Несмеам да ви откривам делови од идните наши акции но очекувајте едно пријатно изненадување, кое единствено со ваша помош ќе биде остварено. Македонија не заборава кои и се вистинските пријатели. Македонија никогаш и никого не оставила на цедило, а тоа ќе биде тренд и во овој месец и наскоро ќе видите за што станува збор.

Не очекуваат забавни и се надеваме успешни 20тина дена од мандатот на овој претседател.

До следно читање пратете наредби и пукајте каде што ви е наредено. Знаеме што правиме само потребна ни е вашата послушност, желба за успех и организација зошто само така ќе успееме да ја преминеме секоја препрека.
Останете поздравени.

Министер за Информирање

akconel

Помошник Министер

Toni Lj Cvetkoski 1