Сложна еМакедонија

Day 2,504, 11:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Vssa87

Најпрвин ќе започнаат со поговорката
``Сложни браќа куќа градаат, а несложни браќа и таа што ја имаат ќе ја рушаат``.

Како што напишав во мојата кандидатура http://www.erepublik.com/en/article/-vssa87-2450325/1/20, дека ќе се залагам за сите играчи да бидемо сложни и да се активирамо сите играчи што е можно повеќе во оваа игра.

Во оваа игра имамо вкупно повече од 900 активни играчи што имаат еМакедонско државјанство, има и голем број играчи еМакедонци што имаат странско државјанство. Значи секој играч може да помогне на оваа игра ако бидемо сложни во секоја намера. Како би помогнале сите овие 900 играчи со еМакедонско државјанство и играчи што немаат еМакедонско државјанство, голем број од овие играчи се двокликаши значи за сите двокликаши би помогнале со донирање на тенкови, леб или мкд.

На пример од 900 играчи, половина играчи да донираат тенкови по пет тенкови дневно тоа значи секојдневно ќе се добиваат 2250 тенкови или 12850 мкд или 65 голд. Значи тие тенкови се доволни како помош колку толку плус за донирање на странски играчи или домашни играчи кој ќе помогнаат за една битка. Со 12850 мкд ако имамо стаено CO 10 мкд за 1 милион штета значи во старт имамо 1.3 милијарди штета од старт која таа штета ќе ни биде добредојдена од самиот старт. Или ако се купи леб со нив ќе се добиаат 642500 енергија кој ќе допридонасаат за побрзо да се наполни АS. Со голдот секојдневно што ќе биде добиен ќе може да се помогне на послабите играчи да си ги надоградаат своите теретани кој во иднина ќе имамо појаки играчи во Д1 или Д2 кој подоцна ќе стигнаат во Д3 ќе даваат голем придонес со нивната штета. Значи овој пример е даден со донирање на само пет тенка дневно, кој верувам дека има голем број играчи кој ќе помогнаат со поголем број на тенкови, фоод или мкд. Значи само сложност и све ќе постигнемо постепено малку по малку. Ова е предлог кој може да пробамо кој пробал ќе знае дали ќе биде успешно или не, ако не пробал во старт незнае.

Сложноста на сите играчи треба да се организирамо преку групни пораки, најдобро ќе биде и со активирање пак на чатот кој е најдобар начин за кординација на сите играчи кој преставува најдобар начин за комуникација на сите играчи.

Секој играч си има свое мислење значи ако некој не се сложува со некое мислење на некој играч не треба веднаш да се контрактира, треба да се почитува неговото мислење без разлика тоа мислење е добро или лошо. Секој кој се активира да помогне на еМакедонија никогаш не треба да му се одмогнува на односно на него треба да му се помогне а не да му се отежнува уште повеќе.

Секој предлог ќе биде добредојден кој ќе биде во корист на еМакедонија значи секој предлог кој е возможен треба да се проба и да видемо дали е добар или не. Ако е добар ќе се продолжи со тоа ако не е добар се откажуваме. Све може да се постигне ако бидемо сложни сите играчи кој ја играмо оваа игра без разлика какво државјанство имамо, која политичка партија е играчот, која воена единица е самиот играч тоа не треба да ни преставува никаков проблем.

И на крај ќе завршим пак со поговорката:
``Сложни браќа куќа градаат, а несложни браќа и таа што ја имаат ќе ја рушаат``.