[Аминта] Кој е Цар?

Day 2,443, 16:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Здраво живо Македонци,

цел ден бев отсутен од дома па и не бев во тек со тоа што се случувало денес на играва.
Пред некоја минута ми објаснија на кратко за препукувањата и без да читам тролови по статии и нивни коментари ми стана јасно што е муабетот. Веќе видено...

Бидејќи со вакви работи имаме веќе големо искуство и долг стаж на играва каде два-три трола не вадат од патики цела популација со ефтини прикаски во статија или коментар и сеуште тврдоглаво не ја учиме лекцијата, решив да ви го кажам вицот за Лавот и Магарето кој е најсоодветен во приликава:

“Се инаетиле магарето и лавот кој е цар на животните.
-Лавот викал: “цела џунгла знае дека јас сум цар на животните и точка!“
-Магарето викало: “кој бил со мене барем една вечер знае дека јас сум цар!“
Неможејќи да се објаснат кој е поголем цар,
-магарето му предложило на лавот: “ај ќе си го опниме и кој подолго ке издржи, тој е цар на животните!“
се согласил лавот ама Магарето му рекло прво лавот да лежи. Па магарето му го опнало на лавот и овој офкал,цркал,пиштел, плачел ама некако издржал и
-му рекол лавот на магарето “АЈ СЕА ТЕБЕ ТИ Е РЕДОТ ДА ТЕ ВИДАМ!“
-Магарето тргнало да си оди и му рекло на Лавот: “добро бе лаву, ти си цар! ајде сега создравје“

Наравоучение: секогаш кога неколку тролови ќе ве испровоцираат во статија сетете се на вицов и ќе ви биде полесно да ги оставите троловите да си бидат цареви со раширен анус и полно его а вие задоволни да си бркате рабтоа на друга страна. 🙂




фала на внимание,
ајде сега на тепање со кенгурите!