еМакедонија по стапките на Александар Македонски

Day 2,225, 17:08 Published in North Macedonia North Macedonia by WhiteAngels

На Македонија и е потребна твојата помош. Македонската гејмерска заедница, претставена преку една од најпопулраните броусерски онлајн игри, еРепублик, има потреба од нови вљубеници во стратегиските игри. Ако сакате да помогнете во виртуелната војна со Грција, и сакате да чекорите по стапките на александровата Фаланга, тогаш ерепублик е вистинската адреса за вас.
Со регистрација на вашиот профил и одбирање на еМакедонија како ваша виртуелна татковина вие влегувате во виртуелниот еМакедонски свет во кој за разлика од реалниот, имате сигурно вработување, можност за секојдневен тренинг и секако, она што е најважно, многу, многу дружење.

Што е еРепублик?

Ерепублик е воено-економско-политичка стратегија. Станува збор за една од најпопуларните броусерски игри која практично симулира држава.
На виртуелната светска карта, администраторите ги имаат додадено речи си сите земји од светот, во нивните оригинални територии. Тие функционираат како и реалната држава. Значи, секоја држава си има Претседател, Парламент, Влада, Министерства, Армија. Овие институции се задолжени да ја креираат политиката и економијата на секоја енација. Тие се избрани од народот на непосредни избори, кои за разлика од реалниот свет, на еРепублик се организираат секој месец.
еМакедонија, како најмлада виртуелна нација постои нешто помалку од една година. Како и во реалниот свет, така и во виртуелниот, се соочува со речи си истите проблеми. Негација на името и идентиетот од Грција, постојано понижување од Бугарија, но и вистинско и искрено прителство со Србија и Турција.
И тука, како и во реалниот свет, политичарите се подложни на корупција, но за среќа постојат виртуелни новинари кои внимаваат работите да останат во својот колосек.
До пред еден месец еМакедонија ја држеше Грција под целосона окупација. Значи сите територии, од Егејот па се до островите во Јонското Море беа под макеоднска власт, а Грците потрошија огромни пари за да ги вратат во свое владение.
Во моментов Македонија е 4 сила во есветот и сеуште е далеку пред Грција
За да стане јасно, колку време и внимание и се посветува на оваа игра, довоелен е податокот дека политичари на голем број реални држави, вложуваат реални пари во своите виртуелни нации со цел нивна промоција меѓу интернет заедницата.