И ова ќе помине

Day 2,223, 12:23 Published in North Macedonia Greece by ivica08

Таткото на смртната постела му дава две кутии на својот син. При тоа со последните зборови изговара „ Синко кога ќе ти биде многу тешко во животот ќе ја отвориш црната кутија. Кога ќе ти биде најубаво и најдобро во животот ќе ја отвориш белата кутија“.



Одкако имрел татко му синот пополека почнал да ги губи работите. Жената му ги зела двете деца и си заминала. Куќата и све останато ги изгубил. Само што му останало биле двете кутии кои му ги дал татко му. Во тој момент се сетил на зборовите „Кога ќе ти биде најтешко во животот ќе ја отвориш црната кутија“. Ги послушал зборовите и ја отвори. Во кутијата нашол само обично ливче на кое пишувало „И ова ќе помине“.



После неколку години успеал да изгради куќа. Почнал пополека повторно да се збогатува. Тогаш нашол жена. Со неа успеал да стане повторно она што бил. Добил повторно две деца. Тогаш тој повторно се сетил на зборовите „Кога ќе ти биде најубаво во животот да ја отвориш белата кутија“. Тогаш ја отворил белата кутија и нашол повторно само едно ливче на кое пишувало „И ова ќе помине синко“.