Ситуацијата во која се наоѓа Македонија.

Day 1,767, 14:03 Published in North Macedonia North Macedonia by M.I.K

Тоа што следува е ситуацијата во која се наоѓа Македонија со нејзините соседи и др., опишана преку обичен маалски пример.




Живееш со семејството во прекрасна куќа, наследена од твоите, кои ја наследиле од нивните итн. Имаш одличен двор со прекрасно зеленило и уживаш во секој момент поминат во дворот заедно со семејството и иако живеачката не е најидеална, сепак си среќен на некој начин.


Но, за жал имаш 5 ифрит соседи кои се главни во градот. Не те сакаат, те кодошат низ цел град, те малтретираат и измислуваат разни приказни за тебе и твоето семејство и никој не сака да те дружи, а камоли да те вработи. Едноставно не те сакаат во нивниот град.

За да престанат озборувањата и секојдневните малтретирања, да почнат да зборуваат добро за тебе, да почнете да негувате добрососедски односи, да се вработиш, да се ситуираш достоинствено во општеството и за да влезеш во нивниот социјален круг, ти нудат примирје барајќи да им удоволиш на нивните барања поединечно и сите треба да бидат среќни на крајот од денот за да има согласност од сите соседи за твое социјално рехабилитирање.
Нивните барања се тотално надвор од умот за тебе и сигурен си дека никогаш на да им удоволиш на барањата така како што се поставени.


Кои се нивните барања и зошто не би им ги исполнил?


Едниот сосед е геј и бара да спие со тебе еднаш неделно, да уживате во неговите сексуални лудории и перверзии да крајот на твојот живот или додека му држи стапот, да се облекуваш во женско, да му бидеш кучка и да те вика како што тој ќе посака.

Другиот сосед е роднина со првиот и бара да му ја отстапуваш жена ти еднаш неделно или поточно дента кога ќе му ги исполнуваш барањата на првиот сосед.

Третиот е сељачки мачо турбофолкер и има фетиш да се облекува к'o женско и да ѕирка во туѓи куќи. Бара, да ве гледа со жена ти како си „играте“ во кревет додека слушате најжестока турбофолк музика по негов избор. И по некој турбофолк евергрин понекогаш.


Четвртиот и петтиот сосед се тотални примитивци!
Секој ден ти крадат од овошките у двор, ти влегуваат дома со пушки и со вили и ти бараат пола од дворот и спрат од куќата. И смрдат под мишка.



Жена ти од друга страна, секој ден те убедува да им удоволиш на барањата на соседите, затоа што било срамота да им држиш инает, а и затоа што тешко сте се крпеле финансиски. Ви требала нова кола, нов СУВ, викендица во Охрид, евентуално децата да се образуваат ако остане нешто итн итн. иако и до сега сте се снаоѓале некако. Дури имате и Голф 4 купен на старо, Лада НИВА оставена од стариот и наследена нива во селото на старата.

Меѓутоа жена ти се плеска со тројца од соседите, а ти не знаеш за тоа и се чудиш зошто бара од тебе да се откажеш од твојот имот, твоето достоинство и од ред други работи кои те прават човек.



Сепак и покрај се, си доволно цивилизиран и современ за да бараш излез од безизлезноста и надреалноста на соседскиот апсурд.



Дилемата е што би направил, за да излезеш од оваа ситуација?

Дали ќе бараш алтернативни креативни солуции за да си го сочуваш задникот и достоинството и кои би биле тие...

...или би попуштил на притисокот од жена ти и општеството и ќе ги направиш соседите среќни со тоа што би им ги исполнил барањата, се со цел да си обезбедите малку покомотен живот и некоја корка леб повеќе за семејството?


*Секоја сличност со настани, луѓе, групи, партии, националности и држави од реалниот живот е ненамерна.