Објаснување за парите и златото

Day 1,734, 11:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Се поставуваат многу прашања каде се парите и златото.

Погледнете во трезорот и ќе ги видите парите, тамо е СЕ.

Во моментов има помалу пари за воздушен напад од едноставна причина што 400000МКД се ставени на закон за донација од трезорт кон НБРМ. Трезорот се полни со пари од даноците, така да без паника ќе се пополни за некој ден и повторно ќе може да се нападне со воздушен напад.
Она што мораше да се направи е да се соберат сите пари и храна до истекот на времето денес.

Веќе не знам кој пат кажав дека сега нема да се користи нападот, останува како можност за некој следен претседател.

Ако прашувате зашто ни требаше овој луксуз има неколку одговори

Македонија е воена сила
Македонија треба да го има оружјето кои го поседуваат нашите непријатели

Како и да е, иако одлуката имаше мнозинска поддршка во владата и Академијата, бремето на одлуката да се собираат средства е мое и ја сносам целата одговорнос. Им благодарам на сите кои активно помогнаа

Само времето ќе покаже дали оваа одлука била оправдана или не.

За крај , без никава грижа дека нешто сум украл, ги повикувам конгресмените да се договорат и да изгласаат недоверба , ако сметаат дека тоа е правилната одлука.