Битолски прекари и нивна етимологија

Day 1,616, 01:31 Published in North Macedonia Chile by Ivankot

Еве нешто од Битолчани
Популарни битолски прекари поврзани со смешни приказни.



Распусто – оти е роден на 10 јуни

Лагата! - оти има куси нозе 🙂

Резило - пошол да си купва патики по влечки и по чорапи

Свиокот - живеел на некоја кривина!

Неспремното - оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.

Сантимо - за сантим немал два метра кутар тој 199цм....

Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика.

Две први другарки беа многу суви и ги викаа СЛАМКАТА И ТРЕФКАТА

Ајкула - оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале

ЌОШО - оти Ивица се вика

ЛАНОТО - Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!

Нитрото........оти црногорец е детето и "екстремно е брзо"

Индексо - прв во цела мала се запишал на факултет

ЏОГЕРО - висок, слаб со виткана коса

Купусо - оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка - каца.

Спидот - оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!

Кофчегот - интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка 🙂

Индексо 2 - единствен во друштво со факултет

Децималнио - не е баш „точен“, нормален

Ќор - Оти на сите му викаше „Кај си Саша“ 🙂

Пеце Грдиот - оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше:„Кај си бе, грд!“ 🙂 Иначе на Жабата брат му. 🙂

Казанова – оти ко казан бил во главата

Џони Walker - Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот (порано се криеше од сите со раката настрана), во последно време шеташе гушнат со сок од 1 1/2л. во пластично

Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска

Струјата-оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката......

РАБРАТА - професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)