Министерство за Одбрана - Тим и акција

Day 1,569, 16:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana



Седнавме на фотељите.

Најпрво да Ви ги претставатам одговорните за водењето на Армијата на еМакедонија овој месец:

Kanopy, Biber, deda_mraz82, dimidimi1, Igor Sinokapchev, ArenaMK, Nakev, Hristijan Tasevski, PukniUmri, Dashovski, Vojne, Jovan333, GoranM12, MackoX, Adam’s, JaneDjani и подоцна треба да ни се придружи Georgioski Igor.

Се одбрани каубојци.

Како и во Јануарскиот месец, нашиот канал е отворен за сите кои што сакаат да помогнат или да допринесат во унапредување на военото организирање на еМакедонија.

Сакам да свикам еден состанок утре (08.03) во 20.00 часот на Генерал Штаб со сите командири и заменици командири на паравоените единици, некако омилен ми е тој канал #emkd.generalstab, на кој сакам да помуабетиме за две работи:


1. УДАР и РЕФУНД

Системот на УДАР ќе продолжи по старите стапки. Дефинитивно најдобриот начин за насочување на дневната штета. Дневно ќе правиме еден до два удара во зависност од потребата. Ударите ќе бидат во фиксни термини. Еден дневен од 11.00 – 13.00 часот, во зависност од активноста и времето на битката. Втор ноќен од 21.00 – 23.00 часот повторно во зависност од времето на битката. Сите знаете обично во кое време од битката, Армијата почнува да пука. Формулата за пресметување на рефундот од УДАР ќе остане иста. 0.00045 по направен инфлуенс и 5 денари од потрошен тенк.



2. Комуникација на IRC, RSS Feed, Google Documents

Прво – го враќаме документот со приоритети на ОНЕ и пожелни приоритети на еМакедонија на #emkd.generalstab Ги замолувам сите команданти и заменици на команданти да го посетуваат овој канал или да го имаат зачувано линкот од документот и по него да местат DO. Ќе се обидуваме да го UpDate-уваме прилично редовно. Оваа штета мора да ја насочуваме правилно!

Воедно, на состанокот ќе пуштам кратка анкета да се пополнат Командирите и замениците командири со нивни линкови, за да можеме да направиме една кружна порака од сите, за полесна комуникација.

Сите единици го знаат ботот Преку_тасета. Преку него се издаваат комадни и соопштенија. Би ве замолил сите единици да ги кажете вашите јавни канали, канали на кои што може да присуствува овој бот и да ви дава во брзо време потребна информација, промена на мисија и сл. За да нема муабети од типот дека некој, некого „прислушкувал“ ве молам дајте ги вашите јавни канали!

Имаме една идеја за инсталирање на програмче Desktop Feed Notifier со кое многу полесно ќе се даваат наредби и команди за менување на мисија и сл. Доколку повеќето од Вас се согласат, тимот би се нафатил да ги пушта командите и преку таа програма.


Шифрата за каналот #emkd.generalstab мислам дека повеќето ја знаете, оние кои не ја знаат нека ми се обратат преку ПМ, ако не им е мака.

Апелирам до сите е-граѓани да не трошат зимница на непотребни битки. Мора да штедиме за тешки денови кои сигурно не очекуваат кон крајот на месецот.

Се надевам дека ќе имаме успешен месец со многу пресврти.
Со почит,

МзО Тим
Трале Наш и неговиот Биг Бенд.