Хомер и Македонците! [Втор дел]

Day 1,524, 06:39 Published in Serbia Cuba by Popay The One

КОИНЕ?

Коине е проблематична мистерија, зашто до сега никој стручно не го разработил тој феномен, да каже кои се изворите, да ги собере од сите библиотеки, па да видиме што навистина е Коине, дали е можеби кини што значи заедничко, нешто општо...
Има ли отпори на твоите гледања?
Ми велат ти си аматер, ама не ми даваат факти да ме побијат!
Ниту пак можат, зашто кај Хомер има над 1000 зборови што се изразени во дијалектичните форми на македонскиот јазик.
Која е врската?

Ако сме дојдени во 7 век, првото прашање е како сме направиле влијание врз Хомера?
И тоа гигантско влијание, зашто концептот на јазикот е гигантско нешто, нешто што се создава, 50.000 и до 100.000 години!
Ако не го изразиме јазикот во согласност со природата, тогаш нема да се разбираме, системот нема да функционира.
Отпори има, но како ќе објаснат тоа што кај Хомер божицата на лутината се викала Лута? Примери има безброј.
Тезите на грчките лингвисти се етаблирани.
Ќе претрпат ли промени?
Се надевам и тоа за брзо време.
Еве очигледни примери зошто го велам ова.
Таткото на грчката етимологија, Куртиус, докажува дека зборот теос нема етимологија во грчкиот јазик.

Јас велам дека тој збор потекнува од старомакедонскиот јазик, од зборот дивос.
Куртиус не вели дека доаѓа од див, од природата, туку вели дека е од санскритски говор кој секако е поврзан со македонскиот.
Но, старомакедонскиот е многу постар од санскристкиот, за што сведочи фактот дека во него се заблежани сите природни закони.
Тој прајазик беше медиум преку кој природата мораше да се изрази.
Малите промени во јазикот прават големи последици, отвораат нови хоризонти.
На пр. кога од види, в се утврдува во б добиваме биди.
Основата е од вити (витивитае на лат.), односно живот, живота.
Значи од види = биди.

Она што го гледаме е она што е, што постои, што егзистира.
Без светлина нема постоење, односно ако е апсолутен мрак не можеме да видиме, ниту заклучиме дека нешто постои, дека е.
Тоа е многу основен концепт кој сé објаснува едноставно, чисто, јасно и што е многу чудно за некои лингвисти, тие форми се задржани и во модерниот македонски јазик! Најголемиот грчки филолог кој напиша грандиозно дело за етимологијата на грчкиот јазик, Џорџ Куртиус, во неговата книга (издание од пред сто години) се занимава со етимологијата и на терминот свекор.

Свекор и ден денес на македонски го има истото значење и се употребува кога невестата се обраќа кон таткото и мајката на момчето со свекор, свекрва.
Тоа е чисто специфичен збор забележан кај нас, што излегува од концептот за крв, дека преку крвта на мажот се наследува лозата, гените.
Куртиус во обидот да најде објаснување го исфрла све и вели дека екуро е стар, антички грчки збор, ама нема етимологија, но формата свекуро постои во санскритскиот јазик. Срамота е да велиме дека грчкиот јазик е позајмица од овие јазици кога тој е најстар јазик!?

Така вели Куртиус, но не дава факти да го докаже тоа.
Не го дава концептот за свекор!
Значи, се открива неговата пристрасност.
Всушност, поимите за сите фамилијарни врски најавтентично се зачувани во македонскиот јазик и тоа во нивните во најархаични форми свекор, девер, золва.
Сите тие имаат свое егзактно значење како доказ за цивилизациското достигнување на нашите претци.

Наодите од карпестите писма низ Македонија потврдуваат постоење и прастара употреба и на терминот невеста, зашто веста е најдена на камен.
Ако сакаме да ја објасниме етимологијата и на грчкиот и на др. јазици како англискиот на пример, мора да се консултираат словенските јазици.
Јас сум физичар и согласно на она што Англичаните велат: Ако падне јаболко, барај го под јаболкницата.

Велите дека со словенските јазици се објаснуваат неправилности на пр. во англискиот јазик?

На староанглиски за дрво се вели дрео.
Концептот за дрво е поимањето дека се работи за нешто здраво.
Велиме здраво како дрен. Дрвото е специфична појава. Доаѓа зима паѓаат лисјата, но дрвото стои и потоа на пр
олет го обновува животот, дрвото е трајно, дава материјал за градба, за огрев, за хартија, лепило, храна, 1000 години може да трае!
Во јужниот дел на Македонија има маслинки стари до 2.500 години!
Дрвото е симболот на Ѕевс, симбол на животот, вечен придружник.
На старомакедонски е друо.

Тој е придружникот на човекот низ целиот живот.
И во самиот термин придружник се крие основата дру.
Оттаму доаѓа трее.
Бевте поканети да одржите предавање во Словенија на овие теми.
Се работи за две предавања одржани во Словенија, а во организација на Светски конгрес на страроседелци на Европа.
Првото предавање се занимаваше со проблемот на митологијата и дали во неа има наука или е само измислена работа.
Другата е дисертација која докажува дека словенските јазици се примарните јазици на Европа. таму наидов на прекрасен прием и разбирање.
Се надевам дека моите контакти и со научните кругови во Македонија ќе допрва ќе вродат со плод.

Интервју: Одисеј Белчевски, физичар, иселеник, лингвист
Одисеј Белчевски е физичар по образование, лингвист по вокација, Канаѓанец по судбина. Последните десеттинапетнаесет години покрај професионалниот ангажман во американска компанија за оптички комуникации во Торонто, работи и врз докажување на тезата дека т.н. Хомеров јазик всушност е македонски, односно сосема близок до словенските јазици. Наскоро ќе издаде две книги што ја обработуваат оваа тематика. Разговорот го водиме во неговиот стари крај, во Битола.