Зар капитулиравме?

Day 1,518, 04:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

[img][/img]


Здраво Македонијо!

Веројатно последната статија од овој мандат.
Вчера легнав во 3.30 утрото, до тогаш се обидувавме да добиеме барем уште една битка во востанието во Западна Македонија, но не успеавме. Едноставно немаше веќе луѓе кои можеа да се борат, а од другата страна спремни 7 тенка да тенкаат колку што е потребно. Ги исцедивме колку што можевме, целата измината недела, но веројатно ни тоа не беше доволно.

Еве, неколку саати подоцна, читам статии од членовите на мојот МоД Тим, кои поради притисоци на јавноста (читај, две малолетни деца) почнаа да си даваат оставки, да се повлекуваат од играта.

Зар се предаваме? После 10 дена губење се откажуваме?

Грција ја држевме под окупација долго време, но не успеавме да им го скршиме духот, каде што лежи вистинската победа над една нација, па и ако сакате еНација. Нас, духот ни се скрши по само неколку дена. Не ни го скршија Грчките тролови. Сами си го убивме.

На Македонија и требаат нови луѓе, несомнено. Но, дали и требаат луѓе на кои најголемата одговорност до сега им била одењето навреме на школо? Дали и требаат луѓе кои практично и помогнаа на грчко-турската пропаганда и ни го уништија духот?

Нејсе, нема да зборувам против народот. Тоа е глупост. Такви сме, какви што сме и сите што сме прифатиле да бидеме дел од играта, си го знаеме тоа. Може да не ни се допаѓа, може да им се лутиме, но мора со сите нив да работиме, заеднички.

Да ги земеме бројките.
Ова е дневната штета што ја прават Турците http://prntscr.com/5d5l2
Ова е дневната штета што ја прават Грците http://prntscr.com/5d5li
Вкупно 1.053.002.320 низ некакви бројки.
Дневната штета што ја прави Македонија изнесува 466.188.340 или дупло помалку.

Еве еден збирен преглед на штета направена од првите 14 земји во светот. http://prntscr.com/5d5n2
Ќе приметите дека повеќете земји во овие топ 14 се од ТЕДЕН. 6 земји од ОНЕ и 8 земји од ЕДЕН.

Едноставно балансот на силите е нарушен и многу тешко може да се дојде до победа на било кој фронт, а да не се жртвуваат другите битки. ОНЕ, со целата желба да ни помогне, а со тоа да си помогне на себе си во реализација на плановите на генерално ниво, го даде својот максимум, но не беше доволно.

Ослободувањето на Македонија не го гледам во силата на нашите борци и сојузници. Едноставно ја немаме, според бројките погоре. Ослободувањето на Македонија мора да се гледа низ призма на дипломатијата, која во последните месеци за жал ни стагнира. Дали немаме доволно добар кадар на тие позиции, или пак едноставно веќе нема со кој да се договараме, времето ќе си каже.

Планирав реформи во војската овој месец.Главна цел ми беше, како и повеќето статии овие денови што излегуваа, окрупнување на единиците. Во Македонија има 33 евидентирани паравоени единици. Некои од нив со по 20 активни члена. Тоа е многу мала бројка на играчи кои не може да направат значајна разлика во било која поважна битка. Нас ни требаат единици со по 200 членови, единици кај кои кога и да отидеш на канал има 20 души спремни да испукаат барем 100 здравје по потреба. Овој проект беше почнат во самиот старт на мојот мандат и според мои проекции требаше да трае барем 3 мандата за да можат сите командири на единиците да ги тргнат своите ега на страна и да ја видат придобивката од ова. На неколку командири им го претставив планот и беа навистина расположени да го поддржат. Се надевам дека идните Влади ќе успеат да ја истуркаат идејата и ќе создадат вистинска Македонска Армија, не распашана банда од 20тина паравоени единици кои ако се скарани со претседателот или немале ОП на некој канал си одат во друга држава или па не пукаат по наредба. Детски работи, но тоа е што е.

Втора реформа што сакав да ја направам во Армија беше воведување на реален рефунд. Рефунд кој се мери во удари, рефунд кој се мери во потрошени тенкови за потреби на Државата. Скоро сме при крај со воведувањето на овој систем. Како што беше најавено во претходните статии, ботот Алиса функционира и е подготвен да се спроведе оваа идеја за контрола на потрошените тенкови од секоја единица. Имено, овој систем веќе на големо функционира во другите држави. Беше во план Државата да дава рефундира 40% од потрошените тенкови на една единица во одредена битка, од приоритет на државата.

За крај мора да заклучам дека АцеЦрни беше во право. Ова е најнеблагодарната функција што може некој да ја извршува. Мојот тим се повлекува, како што повеќето знаете, иако апелирам до сите членови, доколку не се изгласа законот за смена на Претседателот да се вратат на своите функции, да си ги засукаат ракавите и да продолжиме со револуционерниот комитет кон конечно ослободување на Македонија. Не може да потпаднеме под провокацијата на неколку играчи, иако знам дека не е тоа причината за Вашето разочарување. Нема место за повлекување сега. Не е ниту време, ниту пак правилен чекор кој требало да го превземете.

Навистина го дадовме максимумот од нас, иако на многумина тоа не им е веројатно, но се трудевме со сите сили да го извадиме најдоброто што можевме од ситуацијата во која се наоѓаме. Ви благодарам на сите што ме поддржавте, што прифативте да бидете дел од овој тим на пожртвувани момци. Се надевам дека во ист состав ќе бидете расположени повторно да се зафатите за некоја функција. Било кој од Вас да ми побара помош ќе му биде дадена.

Со почит до сите,
Трале Наш

П.С. Не заборавајте, не играте сами, играме сите заедно.