Топ приоритет!

Day 1,515, 04:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana



Здраво Македонијо!

Мислев дека ќе пишувам во позитивен тон денес, но не е баш така. Вчера имавме многу напорен ден. МоД тимот, цел, го преседе пред едно мало прозорче, наречено Battle Monitor, и ги пратеше битките Македонија – Грција со refresh на 3 секунди, за да одлучи дали да дава удар или не. Во една битка, висината на штетата од една и од друга страна се со минорно значење во однос на тајмингот кога тие се испукани. Правото време и правилно насочената штета ја добиваат битката!

Во консултациите со претходните МоДови беа споменати предупредувања, во стилот: никој веќе не се грижи за Македонија; секој си пука кај што сака; нити команди се пратат; нити некој веќе се замара.
Не верувам дека е така, сеуште! Иако вчера се покажа друго светло.
Команданти! Дисциплинирајте си ги војниците!

Во овој момент има востание во Повардарје. Ова востание нема да заврши успешно, според нашите анализи. Едноставно се повеќе и посилни од нас, а и веќе сме истенчени со ресурсите.

Денес, 13.01 (петок), во 19.00 часот, свикувам состанок со претставници на сите паравоени и цивилни единици на каналот на Генералштаб #emkd.generalstab во врска со ослободувањето на Македонија.

Денес ќе ги игнорираме Фрците. Денес ќе се посветиме на сојзуот, како што тој се посвети на нас изминативе два дена. Мислам дека овие два дена колку што кај нас се прикажаа аватари на ОНЕ земјите, немаме толку видено во изминатите три месеци.

ДЕНЕС ПРИОРИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА Е БИТКАТА ХРВАТСКА – КОЛУМБИЈА! http://www.erepublik.com/en/military/battlefield/20326

Преселете се во Хрватска на балканот и мавајте од страна на Колумбија.

Зошто токму овој регион?
Пред два месеци, Хрватите тргнаа во поход кон Мексико. Целта беше уцврстување на позициите на Хрватска на таа територија (сличен план, на нашиот со Индија). Без природен непријател во близина, со лесен противник како Мексико, Хрватска има можност целата своја штета да ја истури каде што е потребно. И тоа секој од нас го има забележано. Затоа, мораме да се обидеме со сите сили да и се спротиставиме на Хрватска и да ја вратиме назад на Балканот.

Со почит,
Трале Наш