Македонија како никогаш до сега!

Day 1,511, 14:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Здраво Македонијо!

Пишувам на крај од 26 часовната битка помеѓу нас и Турција. Веќе е јасен исходот од оваа битка. Мора да Ви биде јасно на сите, овде не изгуби Македонија, овде изгуби ОНЕ!

ОНЕ ја изгуби оваа битка, но доби многу повеќе. Пред се јасна слика за силата на ТЕДЕН. Поголема координација и комуникација меѓу членовите и што е најважно, заеднички настап пред ТЕДЕН. А за ова сплотување во ОНЕ, можеби не најзаслужни, но сигурно најголема жртва дадовме ние.

Во вакви тешки битки излегуваат на виделина и најдобрите и најлошите страни на луѓето. Нема да коментирам за лошите, затоа што немам намера да ве нервирам со личности кои ја гледаат играта преку математички операции (3 тенка, 18 удари, 180 здравје, 15 денари итн.). Тоа е жива глупост за мене. Играме пред се од забава, па престиж, па презентирање на државава и нејзиниот народ во најдобро светло. И да не заборавиме, Македонија пред се.

Сите паравоени единици и Цивилите.. сите дадовте се од себе.[/b]

Шиме, Аексил, Мудаш.. Ви благодарам што ја правите играта поинтересна за сите нас!

Иако 1000 пати до сега споменуван, фален и воздигнувам, стварно секоја чест на Варлор и дечките од неговата екипа. Не само што се цел ден тука со нас, безрезервно за државата, со своето време, туку и сите свои ресурси ги дадоа за Македонија.

Персеј Македонски и неговиот базука тим (иако имаме нерасчистени сметки) браво за пожртвуваноста и несебичноста!

БРАВО ДЕЧКИ! Во Титов стил, со ваква младина (и постарина) нема зошто да се плашиме за нашата иднина!

Зошто Ајман и Шајрах?
Знаете веќе дека целиот Блиски Исток и Северна Африка се окупирани од нашите непријатели Грција, Кипар и Турција. ОНЕ сметаше дека опстанокот на Македонија на Блискиот Исток може да го задржи балансот во овој регион и беше спремна да го брани до последен тенк ова парче земја. Иако имаше бааги двоумења, дали да бегаме или да пробаме да се одбраниме, решивме да останеме. Решивме да останеме, затоа што ни е во ген да помагаме!


Рефунд систем

Колку ли само пцуење падна овде. Мислам дека уште не сум се исчистил целосно од плуканиците и пцовките што летаа врз нашиот тим за рефундот. За да бидеме на чисто, мора да разберете една работа: ИДЕАЛНА ПОДЕЛБА НЕМА И НЕМА ДА ИМА! Стариот систем беше неправеден за повеќето, 18 од 33 единици добиваа рефунд по критериум и систем кој веќе не постои (претходно, податоци за направена штета се земаа од egov4you, кога овој сајт прекина да дава податоци, нашиот рефунд критериум се базираше на податоци од пред 4 – 5 месеци). Ова не е единствена причина поради која што мораше да се направи промена. Втората причина, многу посилна за мене, а и за поголемиот дел од тимот беше неможноста да се поделат средствата на сите единици. Веќе 1000 пати е кажано дека максимум дневно можеме да си дозволиме 100 000 денари. Дел од овие пари се трошат за поделба на храна на играчите кои имаат сила помала од 2000 денари. Дел од овие средства идат кај нашите тенкаши (иако не се многу задоволни) и тој дел што ќе остане, околу 43к денари се троши на рефунд. Како сакате вртете овие пари да се поделат на 33 единици колку што се во Македонија излегуваат по 1500 денари од единица.

ШТО СЕ УДАР 1 2 3 и 4?
Ништо специјално. Полесен начин на поделба на оние 43 000 денари кои претходно беа делени на единицте во денари. Само што во овој случај сите единици, рамноправно добиваат рефунд, во зависност од нивната активност. Делењето по малце тенкови од удар е само пресметка со која 1200 тенкови се делат на два или три пати на сите овие канали. 4 канали, по 40 души, по 3 тенка = 480 тенкови од удар. Македонија може да троши многу повеќе, но до кога? Ова е оптималниот дневен рефунд за да можеме да опстанеме. И покрај многуте критики, овој систем имаше голем ефект во битките. Организираноста и временото мавање на секој од Ударите беа од витално значење за битките кои ги добивме. Доколку некој има попаметна идеја, слободно нека дојде на МоД каналот, нека ја напише на некој документ, ќе ја прочитаме, разгледаме, пробаме на мала група и ако функционира, ќе ја усвоиме. Не сме најбрилијантните, но искрено сметам дека ова е најправедниот рефунд систем.

Во план е и воведување на систем за мерење на удари направени во даден момент. Тоа го просведочеа единиците на #udar2 со ботот Алиса. Ќе се обидеме да го направиме тоа на ниво на цела Армија, со што ќе се намалат шансите за забушавање од страна на некои играчи. Во #udar2 беа „фатени“ членови на одредени единици, кои прикажале дека мавале, а не мавале, сега нема да има санкции против нив, но во иднина ќе следуваат, не за поединци, туку за цела единица.

Немам што повеќе да кажам, освен да го пофалам МоД Тимот, кој неуморно ги следеше битките цело време и реагираше соодветно на сите кризи и проблеми кои се појавуваа.

Македонијо, гордо. Утре имаме Гејци да пржиме!

Со почит,
Трале Наш.

П.С. Организацијата е во Фрчка, а немам пари да ја преселам. >)