[МНР] Конкурс за Амбасадори + Реформи

Day 1,392, 18:43 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija






Веднаш по смената на власта, си поставивме за цел да го направиме Министерството за Надворешни Работи број 1 во е-Светот. За таа цел се превземени низа реформи и значајна дипломатска активност.


Веќе неколку дена сме во интензивни преговори со цела Азија и Јужна Америка за воспоставување нови односи и склучување МПП со вкупно 12 земји кои се во рзлични временски зони од нас и би ни помагале во ноќните битки. Се работи пред се за неутрални земји кои немаат конфликт со земја од ОНЕ. Детали нема да откриваме бидејќи се уште преговараме, па се работи за државна тајна.

Од неколкуте извршени реформи, најважна реформа најважна е воведување на постојани службеници во МНР и промена на начинот на работа на амбасадорите. Амбасадорите ќе имаат политичка и разузнавачка функција (прибирање на разузнавачки стратегиски податоци за земјата пр. дали планира и се подготвува за војна, дали има доволно финансии за долга војна, итн), а сите овие податоци ќе се запишуваат и подоцна обработуваат од посебна комисија. Ќе се одредуваат нашите интереси и политика кон земјата. Исто така, веќе е направен регистер на земји каде што е точно определан нашиот однос кон земјата, досегашните јавни и тајни договори, нашиот интерес и стратегија. Ова значително ќе ни помогне нам и на идните влади кои ќе имаат увид во прецизни пишани документи наместо досегашното усно раскажување. Содржината на регистерот е највисока државна тајна и само претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи ќе имаат пристап.




К О Н К У Р С



Министерството за Надворешни Работи распишува конкурс за амбасадори. еМакедонија ќе испрати амбасадори во сите земји позначајни земји за нас и земји од кои ќе имаме интерес. Целта на амбасадорите е да го застапуваат нашиот интерес.


Амбасадорите ќе имаат задача да:

-ја претставуваат еМакедонија објавувајќи артикли во таа земја, се со цел запознавање на нашата земја и зближување на двата народа

-подобрување на односите меѓу двете земји (контакти со нивните влади и доставување на листа од нашата влада, контакти со нивни играчи, да бидат присутни на нивниот чат)

-да го инфомираат Министерството за Надворешни Работи за случувања во таа земјата, да го знаат ставот на земјата и на народот

Амбасадорите ќе треба да пополнуваат формулари и кратки извештаи, кои подоцна ќе се обработуваат од специјална комисија на МНР и ќе се носи одлука за нашата политика кон секоја земја и ќе се гради национална стратегија од највисок приоритет.


Секој што сака да се пријави за амбасадор нека прати порака во оваа организација на Министерството за Надворешни Работи со општи информаци и карактеристики за за вас, зошто се пријавувате, позвавања на јазикот на земјата, и зошто да ве одбереме вас.




Потребни се амбасадори во следните земји:
(можно е еден ист играч да биде амбасадор во повеќе земји доколку се тоа мали земји кои можат да се покријат пр. еден амбасадор во Германија, Австрија и Швајцарија)

Полска - приоритетно (ОНЕ)
Унгарија - приоритетно (ОНЕ)
Велика Британија - приоритетно (сојузник)
Србија - приоритетно (ОНЕ)
Шпанија - приоритетно (ОНЕ)
Шведска - приоритетно (ОНЕ)
Индонезија - приоритетно (сојузник)
Иран - приоритетно (сојузник)
Турција - приоритетно (сојузник)

Пакистан
Мексико
Венецуела
Словенија
Естонија
Латвија

Литванија
Парагвај
Боливија
Перу
Црна Гора

Франција - се бара особено способен амбасадор
Кипар - се бара особено способен амбасадор/информатор (пожелно е познавање на Турски)
Грција - се бара особено способен амбасадор/информатор (пожелно е познавање на Грчки)
Бугарија - се бара особено способен амбасадор/информатор
Хрватска - се бара особено способен амбасадор
Аргентина - се бара особено способен амбасадор
Романија - се бара особено способен амбасадор

Саудиска Арабија
Египет
Нов Зеланд

за прв пат ќе испратиме амбасадори во земјите:


Австралија
Германија
Австрија
Шварцарија

Бразил - се бара особено способен амбасадор
Чиле - се бара особено способен амбасадор
САД - се бара особено способен амбасадор
Кина - се бара особено способен амбасадор

Канада
Уругвај
Белгија
Холандија
Италија

Изреел - се бара особено способен амбасадор
Тајван (Република Кина)- се бара особено способен амбасадор
Русија - се бара особено способен амбасадор

Јужна Африка
Белорусија
Украина
Молдавија
Јапонија
Сингапур


Ј.Кореа - се бара играч кој престојувал таму пред додавањето на еМакедонија кога ние ја населивме Ј. Кореа



* - "се бара особено способен амбасадор" за во земјите кај што се очекува амбасадорот значително да ги подобри односите меѓу двете држави и ќе биде доста активен




Мандатите на новите амбасадори ќе траат 3 месеци, освен ако амбасадорот не поднесе оставка или не е разрешен.


Конкурсот трае 48 часа од објавувањето.


Ако некој смета дека е способен за да биде член на комисијата за анализа истратешки планирања, нека прати порака со својата апликација. Условите се слободно време и стратешки начин на размислување.




Со почит,
Lance of Longinus
Заменик министер за Надворешни Работи

Министер Wild O
Втор заменик dimzaaa