[МНР] Преговорите за мир

Day 1,370, 19:32 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija

Добра вечер Македонијо,
Денешните обврски ми завршија (Metal Discharge во Битола), така да сега на раат можам да пишам за шок-бомбата што падна во нашето еОпштество.

Значи ќе почнам од почеток, пред неколку дена беше нападнат нашиот главен град и почна да ни се треси долниот веш на сите нас, што е и нормално, толку време сме работеле и бевме на чекор од пропаст ама се спасивме (Hail ScymeX, Aexil, PedjaT и цела нација). Два дена пред тоа јас како МоФА почнав да контактирам со претседателката на Грција чисто онака да се дешава нешто шо би рекле, немаше некаква цел тој контакт. Кога видов дека нема бегање, почнав да наговестувам преговори и слично ама колку што јас бев скептичен дека ќе ни постават многу остри, толку беше и претседателката нивна скептична дека ние ништо не би прифатиле.
Тогаш почнавме да преговараме на ,,полуофицијално,, ниво. Значи само се фрлаа можни решенија дури не се дојде едно навидум можно и прифатливо решение за двете страни. Кога се стигна до тој степен, беше свикан состанок на кој бевме присутни знаете сите кои од двете страни, пиши ви фамозната статија на Кепенци, и почнавме да преговараме. Кога тој договор беше постигнат, ЗНАЧИ ПОСТИГАТ, ПОСТИГНАВМЕ РЕШЕНИЕ КОЕ Е ВО РЕД ЗА ДВЕТЕ СТРАНИ, А ЕН ПОТПИШАВМЕ, И НЕ СТАПИ НА СИЛА ТОЈ ДОГОВОР , Кепенци во договор со Претседателката пуштија статии во двете држави кои би биле еден вид на референдум.
Е тогаш во исто време, кај нас почна толку многу да се крева прашина, да се пцуе по Кепенци, по мене, по ДедаНое (ни крив ни должен) и незнам ли што, да не најдите во живо на клада ќе не запалите, а во Грција, толку цивилизирано си пишеа во коментари nai, oxi, nai, nai, oxi...знаете мнозината што значи ова.
Никој ни потпиша нешто без вие да знаете, никој не даде регион без вие да знаете, ништо не се направи без ваше одобрение.
Сите вие силни Македонци, кревате прашина како вие да сте тие што фрлиле десетици илјади евра, и непроспиени ноќи на играва за да стигнеме таму каде што сме сега.
Кога победуваме, пишите статија HAIL ScymeX, Aexil, PedjaT и се тупкате во градите ЕЕЕЕ КОЛКУ СМЕ СИЛНИ !!!
Не напаѓаат од 6 страни и почнувате да се крстите: АЈДЕ ШИМЕ РАЗБУДИ СЕ ДА МАВАШ!

Значи ви се даде референдум на кој сите требапе цивилизирано да кажите, ДА, Против. И нормално да излезат статии со ваши мислења и можни решенија, а не статија: Мој поглед на мирот - Кепенци ретардиран еден, шо се замислуваш?!

Барем човекот успеа да ве обедини колку толку, и на 300+ пцовки денес пиша статија во која немаше погрден збор, а и цел ден шо го поминавме на канал, на пм и слично, ништо не кажа неубо за било кој од вас.

Сега слободно изгласајте ја неговата оставка.

Незнам дали сте сите толку богати што не ве боли машкиот полов орган за парите на Шиме, Аексил и Пеџа, ама јас моите 4-5 стотки од пораки неможам да ги прежалам па камоли илјадиниците што ги фрлаат секојдневно нашите тенкови за ВИЕ, да не речам НИЕ да ја имаме државата од соништата. Знам колку добро би ми дошле макар и неколку стотини евра денес па можеби затоа и иницирав мир, надевајќи се дека колку толку ќе им заштедам ним пари, а и на сите оние што купуваат, па макар и со тие смрдени пораки.

Сега како пост скриптум накратко за прашината што ја крена Подмочани за моето удирање против Македонија.
Беа отворени 2 битки во Македонија, 2 востанија, со резултат 6:0 и 7:0 значи двете добиени. Јас на располагање 400-500 здравје, наместо да се селам во други земји да бркам Mercenary си викам како најекономично да пукнам, да не направам штета на државата а да ми се смета за медалот.
Зедов отворив битка со Саудиска Арабија (Египет имам веќе убиства кога мавав против Грција) и пукам 20000 од наша страна. Отварам истата битка и мавам околу 14000 за Саудиска Арабија и ми снема здравје. Си направив неколку убиства, не наштетив на државата и тоа е тоа. Тенковите што ми се делат од единицата, т.е. од тој ФАМОЗЕН ДРЖАВЕН РЕФУНД секој ден ако нема важна битка ги чувам настрана и кога е потребно ги користам, иначе пукам со шамари, клоци, камења и компири.
А Подмочани што неќам да го плукам од овај весник, само ќе го поздравам и ќе му порачам се најдобро. Т.е. не на Подмочани бидејќи тој веќе не игра, на Кјанко 🙂

Тоа е тоа Македонци. Останете обединети, сложни, здрави и живи (тие што сте), и заедно во нови походи !!!

Бидете поздравени, brsja4e o/