Конкурс за амбасадори + кратко интро

Day 1,358, 12:39 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija

Добра вечер Македонија,

Накратко само да ви се претставам, за тие што не знаат, овој месец на чело на министерството за надворешни работи сум Јас 🙂
Планови и слично нема смисла да се кажат, единствено да се знае дека ќе се работи со полна пареа за доброто на Македонија.

Со оваа статија би сакал да го објавам конкурсот за амбасадори.
Имено решив амбасадори да пуштам во сите земји со кои имаме МПП и во оние земји кои се пријателски и со кои сметам дека е потребно да се има амбасадор, па макар и непријателски, накратко, скоро секаде 🙂

Од амбасадорот се бара да се воспостави контакт со владата, да им се достави нашиот владин состав, да се посетуваат нивните канали и просто амбасадорот да знае што народот мисли за нашата земја и како се поставени кон нас.

Секој што сака да конкурира за амбасадорски место нека прати порака во министерството со општи карактеристики и причини за пријавата.

Конкурсот трае 24 саати од објавувањето.

Потребни амбасадори за следните земји:

Унгарија
Шпанија
Мексико
Венецуела
Велика Британија
Полска
Шведска
Турција
Индонезија
Иран
Пакистан
Словенија
Србија(зафатено)
Естонија
Латвија
Литванија
Парагвај
Боливија
Перу
Црна Гора
Нов Зеланд
Франција
Кипар
Грција
Бугарија
Хрватска (зафатено)
Саудиска Арабија
Аргентина

Ако случајно добијам порака на мојот профил ќе ја игнорирам.
Сите пријави пуштете ги во министерството.

Бидете поздравени Македонци и останете ми со здравје.

Ваш brsja4e (со тимот се разбира 😁 о/