Министерство за надворешни работи - За Македонија се работи

Day 1,342, 15:58 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija



Почитувани Македонци,

Се обраќам на сите Вас, МАКЕДОНЦИТЕ со патриотска и борбена крв.

На секој Македонец кој гордо го чува Македонското сонце во своето срце.

Се обраќам на секој Македонец кој има поминато непреспиени ноќи поминати на армискиот канал бурно чекајќи наредби за одбрана на териториите.

На секој Македонец кој што помогна да ја издигне Македонија на врвот на пиедесталот.


Почитувани браќа и сестри....

Време е да ја оставиме на страна омразата, завидливоста и малодушноста. Време е да речеме ДА за Македонија и да ја земеме иднината во своите раце.

Доста си правиме сопки едени на други, доста се понижуваме себеси, доста ја саботираме Македонија.

Со помош на нашите тенкови, ОНЕ и сојузниците успеваме успешно паралелно да водиме кампањи против Грција и Кипар. Сите сте свесни колку труд е потребен за да се освои битка со негатива од 7 мини битки.

Вчерашниот ден во битката против Кипар успеавме да покажеме како со сложност, дисциплина и желба за победа ја дибивме битката со 8 на 7.

Стигнавме до моментот каде што треба сами да си решиме за својата иднина и за позицијата која што ќе ја има Македонија во месеците кои што доаѓаат.

Од сега па натака не можат да ни помогнат сојузниците, нити да ни наштета админите.
Иднината е оставена само да си ја создадеме.

Како што сите знаете план е да се пресели главниот град во Египет. Со тоа добиваме 6 ресурси со потенцијални 7 или 8 во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите.

Италија со помош на ЕДЕН и ТЕРА успеваат да си ги ослободат своите региони. Прашање на време е кога ќе удрат на главниот град.

Ако го изгубиме главниот град, се враќаме во регеионот со најголемо население (Повардарие).

Вложенениот труд во изминатите месеци пропаѓа во вода, само поради нашата не заангажираност сами да си помогнеме себеси.

Знам дека периодот на селење се поклопи со конгресменските избори. Секаде ќе има граѓани само не во Red Sea Coast.

Затоа ве замолувам сите кои што ќе го стимулирате гласањето, и сите вие што ќе се селите за да гласате да се вратите назад со цел да го зголемиме бројот на жители во Red Sea Coast.

Напишани се статии за селење, пуштани се шауити и пак не можеме да ја постигнеме потребната бројка за да можеме да го преселиме главниот град.

Ве молам сите за масовен спам и максимална ангажираност за да го завршиме ова поглавије во историјата на Македонија.

Од селидбата добиваме сите, бизнисмените со фирмите (зголемено производсвто), паравоените единици (поголем рефунд) како и граѓаните (поголеми плати).

Доволно е да проверите само вашите вработени во кој регион се и да им пишете една порака да се преселат.

Дајте да си докажеме сами не себеси, едни на други дека сме способни да одлучуваме за својата иднина.

ИДНИНАТА Е ВО НАШИ РАЦЕ


Министер за надворешни работи
MeDsLeinad