Здрав разум

Day 1,173, 02:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker
This is just a translation of the original article. Its use has been approved by the original author for what I would to express my gratitude.



Ние играчите на играта eRepublik го пишуваме овој текст под името Пивик за здрав разум, со цел да се добие една интересна игра, се воспостави ферплеј, се помогне на новите играчи и се задржи интересот на старите играчи.

I.- Бараме да се одземе правото на организации да гласаат, но ништо повеќе од тоа. Веќе долго време организациите се извор на судири и малтретирање во медиумите. Играчите кои трошат повеќе часови за пишување на добро обмислени статии, се загушени од оние кои имаат доволно Злато за фрлање и ангажираат гласачки клубови. Сепак организациите како такви не се воопшто лоши и се основна компонента за водење на воени организации и се корисни за складирање на добра за идна употреба. На пример при економска криза кога производите се ефтини, со помош на организациите, граѓаните би можеле да ги купат овие производи и да ги чуваат за кога цените ќе се покачат. Сè што бараме е добрите нешта кај организациите да останат, но можноста на организациите да гласаат да се одземе.

Разделете ја пченицата од сламата. Да го оставиме лошото и да го задржиме доброто.

II.- Бараме бројот на shout-и да се намали на нешто разумно. Во обид да се направи овој сајт повеќе како Twitter, shout-ите кои им се секојдневно на располагање на граѓаните се зголемија од 3 на 6, и последно на 30. Иако можеби копирањето на бизнис моделот на друг социјален сајт изгледа како добра идеја, јас силно се спротиставувам на оваа практика.

Според истражувањата на неколку различни сајтови, Twitter има околу 190 милиони корисници и има околу 65 милиони твитови дневно. Ако се земе просекот на овие две категории, се добива просек од 0,342 твитови дневно по корисник. Ова не е ни блиску до 30 shout-и кои им се дадени на граѓаните на ден, дури е помалку и од 3 shout-и, кои ги имавме на почетокот. На кратко, нема логичка причина за 30 shout-и и сè што добивме од овој број е помалку барања за пријатели затоа што луѓето не сакаат постојано да им е преплавен делот со shout-и. Ја убива заедницата, и бараме да се поправи.

III.- Бараме да може да се објавуваат статии во странски земји. Дел од она што ја прави оваа игра толку уникатна е фактот што се игра во целиот свет и имаме можност за интеракција со луѓето низ целиот свет, кои имаат сосема различна култура и начин на живот. И покрај разликите успеваме да се здружиме во играва. Кога се одзема можноста за објавување на статии во други нации, се одзема и голем дел од самата игра. Претседателите повеќе неможат да напишт статија до друга нација за тоа колку ги ценат како сојузници. Повеќе не можеме да се насмееме на ужасно глупавите статии каде некој troll-а. Новите и надежни писатели веќе реално не можат да ја прошират својата база на читатели надвор од својата сопствена нација. Бараме ова да се промени и ни се вратат повторно назад светските искуства кои некогаш ги имавме.

Нека се читаат нашите новости низ целиот свет

IV.- Бараме униформно информирање на сите играчи за промените во eRepublik. Според мене најдобриот начин да се направи ова би било да се вратат eRepublik известувањата на Plato. Има повеќе луѓе кои работат за еРепублик па сугурно нема да им биде претешко да поминуваат по час или два неделно во пишување на статија со која ќе ги информираат граѓаните за новитетите. Има граѓани кои поминуваат 5+ часа неделно во пишување на статии, а не сме ни платени за тоа.

Сметам дека можете барем еднаш неделно да ни кажувате што се случува. Објавувањето во весник, исто така им дава на сите граѓани еднаков пристап кон промените кои се случуваат во играта. Ова е многу подобро од сегашниот систем на лични пораки кој често не ги вклучува сите. Добар пример за тоа беше промената на правилата за компаниите кога беа информирани само сопствениците на компании. Што е со оние кои имаа интерес за купување на компанија? Дали тие немаат еднакви права со сопствениците на фирмите? Бараме сите граѓани да бидат подеднакво информирани за промените и да сме информирани за она што се случува најмалку еднаш неделно, барем со една кратка порака.

V.- Бараме да се направат промени надвор од воениот и економскиот модул. Инволвиран сум во играва повеќе од година и половина, и единствените значителни промени кои се направени беа тие во воениот и економскиот моду. Сега, кога овие модули се чини дека се средени, време е некои нови идеи да се имплементираат во политичкиот и медиумскиот модул. И двата модула се застарени и тие треба да се ажурираат за да станат интересни, исто како што производителите на видео игри произведуваат нови верзии на веќе постоечки игри. Заглавени сме со истите политички и медиумски модули веќе долго време и бараме да се променат.

Ова е само листа на неколку едноставни барања, и не гледам дека некое од нив е преголемо и навистина сметам дека сите се разумни. Доколку сметате дека овој напис е "ѓубре", и одлучите да го избришете, во ред имам копии. Ако биде избришан, ќе продолжам да го објавувам овој текст, додека не ме исклучат од играта. Сметам дека ова се само некои основни промени кои и се потребни на оваа игра, и додека сите или барем некои од нив се имплементираат оваа игра нема навистина да вреди да се игра за мене, па немам проблем мојот лик да умре маченик. Ги охрабрувам сите кои сакаат, да ја преведат и објават оваа статија на нивниот мајчин јазик така што би ја подигнале свеста за овие прашања. До следниот пат .......

Stay thirsty my friends,

Gulden Draak

ЗА СЛОБОДА




Although I have not been playing this game as long as the author, I do share most of his thoughts and hope the changes he asks for do get implemented.


Plainswalker