Повици за донирање и слични глупости
Plainswalker
Има една работа што многу ме нервира, а тоа е колективизмот. Слично на РЖ се пренесува и овде во еМакедонија. Што е целта, неколку луѓе да уживаат, а другите да бидат овци?
Ако е веќе така во РЖ, зошто да е исто и овде? Токму целта на играва е да се проба нешто поинакво. Под нешто поинакво не се подразбира само војна со соседите, туку целосна ментална промена.
Се изначитав повици, особено до новите играчи, каде се бара да го донираат златото за „поголеми цели“, за „доброто на народот“, „да ни биде на сите подобро“.
Абе алоооо, игра е ова и сите се тука за да им биде интересно.
Никој не сака да дреме на 13то ниво и никако да не се развива, додека некој друг прибира донации. Истото важи и обратно, зошто постарите да им донираат на новите? Ако направиле грешка, нека си ја искусат на свој грб. Вака само се учат/учиме дека по секое зезнување ќе има некој да нè вади од засраното. Да не спомнувам спамање по весници и chat со секакво мољакање за храна.
Секој нека си игра за себе, со своите пријатели. Така кога ќе треба да се помогне на еМакедонија, многу повеќе ќе нè има што ќе можеме навистина да влијаеме на нештата.
Тие што се сложуваат со напишаното слободно Subscribe, тие што не се сложуваат можат Vote. Па ќе ве преброиме заедно потоа.
Plainswalker
п.с. Секоја чест на нашите најдобри воини (знаете кои сте, да не ве именувам) кои добиваат донации од еМакедонија, така и треба, не за џабе плаќаме даноци.
Comments
хммм...малце фаќаш кривина од првичниот твој став. па нели е и државата колективизам? Нели и тој државен буџет е колективен и нели се троши за (ова е твој цитат):„поголеми цели“, за „доброто на народот“, „да ни биде на сите подобро“?
И за крај да те прашам... знаеш ли колку пати ТИ лично се пријави за помош од МзЗ од КОЛЕКТИВНИОТ буџет за помош и колку средства доби во знак на „поголеми цели“, за „доброто на народот“, „да ни биде на сите подобро“?
Ако не се сеќаваш еве јас ќе те потсетам - се имаш 4 пати пријавено за помош и иако си 19 левел во знач на СОЛИДАРНОСТ, ПОВИСОКА ЦЕЛ И ДОБРОТО НА СИТЕ имаш добиено вкупно 68 здравје од КОЛЕКТИВИЗМОТ!
Затоа не плукај по колективизмот и солидарноста затоа што ти од него се ранеше.
Поздрав.
Пријателе , морам да изразам различно мислење од твоето тука.
Ако секој игра сам са себе - пиши и крст на еМакедонија.
Дури ни државите не можат во играва да опстојат сами - затоа се неопходни сојузи.
Не навлегувам што како за колективизам во реалниот свет, но тука, без координирана игра (и тоа не само да државно ниво, туку и интернационално) - се е џабе.
Таков е концептот на играта.
@Strumjanin, се сложувам со тебе, ќе се дообјаснам.
@Aminta Makedonecot, ми мириса на политичар од РЖ. Избегнување на темата со личен напад... само така ќе те биде...
И двајцата имате проблем со разбирање на зборот колективизам. Има разлика помеѓу државни пари и мољакање од други еГраѓани.
Државните пари се за еГраѓаните, вклучувајќи ве и вас, а и мене. Вечерва кога ќе се самоубијам за одбрана на источна, пак ќе пополнам формулар за еДржавни пари.
Мољакањето (во двата правци) е нешто што не треба да го има. Тука доаѓа колективизмот и криењето позади другите. Исто и самозадоволувањето со успесите на другите. Ваквиот колективизам е проблемот.
п.с. државните пари не се солидарност да се разбереме, сите ние плаќаме даноци за нив.
Plainswalker, хммм...
пак си двосмилсен пријателе. Зошто сметаш дека ти си достоен за да трошиш туги пари во борба а некој појак од тебе не е???
Знаеш ли ти дека и многу обични еМакедонци донираат во МзЗ за таа помош за која ти се јавуваш а примарно е наменета за послабите (под 15 левел) играчи кои суште не ја разбираат играта и направиле глупост па се исцедиле во борба?
Тој фонд каде ти се гребеш е токму солидарен а не за ИНДИВОДУАЛНО јачање на тебе.
Ако си како што рече за индивидуализам - “Ако направиле грешка, нека си ја искусат на свој грб.“...Нели ти е незодно да им го јадеш лебот на “бебињата“ тебе како постар играч кој намерно прави “грешки“??
Многу нешта се двосмислени, затоа и не може баш секој да ги разбере.
Не знам зошто воопшто се допишувам со тебе, во РЖ би те игнорирал веднаш...
Знам колку многу луѓе донираат и токму тоа е проблемот. Не треба да донираат! Излажани се и изманипулирани. Наместо да донираат и петорица да станат „богови“ во играва, требало да ги искористат за свој развој. Освен ако не се нечии мултија нели, во тој случај сите заедно со главниот треба да си добијат permanent ban.
Ако сите поединци станат силни, земјата ќе биде јака. Ако сите дремат доле додека 5торица горе уживаат, тогаш земјата ќе биде тапа како што и е.
Тоа што ти го предлагаш е покривање на дупките и помагање на губитниците, економски концепт кој очигледно ги пропаѓа сите. Она што го предлагам јас е survival of the fittest и правична распределба на заедничките добра кои треба да се добиваат само од даноци и успешно раководење со државните пари.
очигледно и сам не се реазбираш и запаѓаш во конфузија.
пробај најди си НЗС помеѓу твојата статија:
“Никој не сака да дреме на 13то ниво и никако да не се развива, додека некој друг прибира донации. Истото важи и обратно, зошто постарите да им донираат на новите? Ако направиле грешка, нека си ја искусат на свој грб. Вака само се учат/учиме дека по секое зезнување ќе има некој да нè вади од засраното. Да не спомнувам спамање по весници и chat со секакво мољакање за храна.“
...и твојот коментар:
“Вечерва кога ќе се самоубијам за одбрана на источна, пак ќе пополнам формулар за еДржавни пари.“
Заклучок?
Непотребен!
Уживај во single player. Јачај индивидуално и не се “мољакај“ за помош од државата. ; )
п.с. со оглед на твојата егоистична философија на живот и не се сомневам дека во РЖ би ме игнорирал за муабет, впрочем никој пат не би бил ни во прилика да се сретнеш со припадник на колективот 😉
...само не заборавај дека секој пат кога се мољакаш за помош од МзЗ си една од тие на сликата во твојата статија... што ен те прави баш некој fittest ; )
Хмм, мали ти имаш огромен проблем со разбирање дека државните пари не се твои. Не се ни на твојата партија, ниту на претседателот. Тие пари се на граѓаните на еДржавата. Тоа што моментално ја имаш привилегијата да ги распределуваш не ги прави твои. Нека ти светне малку!
Егоизам е да им кажуваш на новите да ти дадат злато затоа што си бил поискусен и посилен, па повеќе ќе си направел од нив за еДржавата.