НОВ БЕЈБИ БУМ

Day 1,090, 03:53 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Време е за нов Бејби Бум

Нападот од страна на еГрција најверојатно ќе ни донесе нов Бејби Бум. Актуелната политичка ситуација во реалниот живот искомбинирана со напад од јужниот сосед тука, ќе отвори простор за уште еден ТВ прилог поврзан со еРепублик.
Иако не можам да гарантирам дека ќе добиеме нови 90 секунди во вестите на Сител, сепак можам да ветам дека ќе дадам се од себе, еМакедонија повторно да се најде во централните информативни изданија.
Под претпоставка дека ќе успеам да издејствувам уште еден прилог, апелирам до надлежните, по брза постапка да направат едно министерство за нови играчи, чија цел ќе биде, новорегистрираните еМакедонци да ги задржи во играта. Сметам дека последниот ББ го дочекавме неподготвени и дека само мал дел од играчите останаа активни во играта.
Со оглед на тоа дека следниот ББ ќе се случува во време на војна, а државата ќе биде зафатена со својата одбрана, предлагам уште од сега да се испланираат средства од државниот буџет кои ќе се насочат кон задржување на бебињата во игра.

Потребна е пропаганда на социјалните мрежи

Освен промоцијата на еМакедонија преку вестите, предлагам да ја засилиме пропагандата и преку социјалните мрежи, како Facebook, Twitter, My Space и сите вакви слични глупости.
Доколку се организираме, тоа може да се реализира многу лесно. Искрено, до сега јас лично не сум запознаен како еМакедонија се промовира, на пример на ФБ. Не знам, ниту дали има посебна група, само за еМакедонците, не знам дали имаме профил на Twitter и слично. Доколку го има, предлагам, заеднички, со по еден артикл, координирано да го испромовираме овде, меѓу еМакедонците.
Понатаму, предлагам, заеднички, координирано, сите на статус на ФБ да ставиме линк до еМакедонија, заедно со некој интересен, провокативен текст, кој ќе ги разбуди патриотските чувства кај сите оние кои случајно или намерно ќе го видат на социјалната мрежа.
Маркетинг моментот е јасен, секој ФБ профил им овозможува барем на секунда на своите пријатели да го видат линкот. Ако овде сме да речеме 3000 активни играчи, секој да донесе по само 1 нов играч кој линкот ќе го види на ФБ, пропагандата е успешна.
Понатаму, потребен ни е и профил на Twitter и човек кој ќе биде задолжен за негово одржување. Предлагам тоа да биде некој предложен директно од Претседателот како би можел во тесна координација со државниот врв да ги пренесува во интеренет светот сите работи кои се битни за еМакедонија.

Иднината на еМакедонија зависи само од нас

За крај на овој артикл, сакам само да додадам дека целата иднина на оваа наша млада еРепублика зависи исклучиво од нас.
Ако ние успееме да се организираме доволно добро, нема сила кој ќе може да не покори. Дека е така можат да посведочат сите оние кои играле Ogame во било кој од серверите каде што функционирал сојузот Macedonia United, а знам дека овде има неколку. И таму бевме негирани од играчите од другите држави, но бевме страв и трепет за сите оние на кои ќе им објавевме војна. Најчесто бевме на самиот врв, односно први, а се тоа се должеше на одличната организација и координираност меѓу играчите.
Дигресијата не е случајна. Овде, на еРепублик, ни е потребна иста таква организираност, па дури и подобра. Не викам дека актуелната организираност е лоша, само давам поттик, истата да се унапредува.

Доколку ги поддржувате овие предлози ве молам даjте еден глас за оваа статија, претплатата и не е толку важна (кога тогаш, ќе стигнам до 1000 🙂 )

Дoоколку имате некој предлог во врска со ББ или некоја подобра форма на пропагирање на нашата еМакедонија, олабавете се и напишете во коментар