РАНО Е ЗА ПЛУРАЛИЗАМ ВО еМАКЕДОНИЈА

Day 1,088, 06:53 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina

еМакедонија сеуште не е спремна за плуралистичко уредување. Обидите на некои Македонци да дојдат до претседателското место во бугарската ВМРО нема да донесе никаква корист за еМакедонија.



Во време кога и војската а и економија се во фаза на формирање, мојот став е дека во Македонскиот конгрес треба да има само една партија со широко мнозинство. Тоа ќе овозможи побрзо донесување на клучните закони, како и регулација пред се на фискалната и монетарната политика во функција на побрз и поквалитетен развој на целото општество.
Со оглед на тоа дека сами решаваме кој ќе добие државјанство а кој не, ограничен е бројот на Бугари кои ќе можат да се инфуилтрираат во политичкиот живот на еМакедонија.
Од друга страна, ослабувањето на Обединета еМакедонија во функција на ПТО во ВМРО може да се одрази негативно на следните избори и поради тоа, предлагам сите еМакедонци и натаму да се зачленуваат во единствената партија, за да и овозможат владеење без уцени и притисоци од други партии.
Друг аргумент во корист на ова е и податокот дека голем број еМакедонци и натаму се неискусни и не ја разбираат суштината на играта, па може да дојде до забуна околу тоа кој во која партија треба да биде член.
За почеток, да ги игнорираме Бугарите и на следните избори да им дадеме уште помалку места во Македонскиот конгрес.
Нивните обиди преку провокации да и направат проблеми на Македонија на надворешно-политички план се веќе прочитани и беа тема на обработка во мојот претходен артикл
Затоа, да се воздржиме од возвраќање на нивните провокации и преку еден игнорантски однос да им покажеме дека за нив нема место во македонското општество.

Ве молам поддржете ја статијава со Глас