КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА? [АНАЛИЗА]

Day 1,087, 12:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Анализава е инспирирана и предочена од [Only one Macedonia]:

Последниве два дена во еМакедонија актуелни беа апелите на Конгресмените и Претседателот за масовна селидба во Источна Македонија како дел од стратегија за подготовка за одбрана од најавените агресии и напади од Грција и Бугарија на Македонија во моментот кога ќе престане заштитата која ја уживаме како нова еРепублика.
Во многу весници, на форум,chat... имаше соопштенија, апели па дури и акции за делење на бесплатни билети за масовна внатрешна миграција на сите Македонци од Западна и Повардарие во Источна Македонија. Ова со цела да се заштити регионот кој би требало да ни биде БАСТИОН и кој треба да е прв на удар а каде се наоѓа нашата засега единствена стратешка суровина - high регионот на камен. Дали се искористија тие билети за намената за која се делеа или некој ги злоупотреби?

Што се случува на терен? каква е оваа ситуација што ја затекнав кога испитав како се одвива миграцијата?

Но да видиме како стои реалниот моментен бројот на жители во еМакедонија по региони:

1. Западна Македонија има 624 жители


2. Повардарие има 1005 жители


3. Источна Македонија има 893 жители


Од ова следува дека во моментов во еМакедонија има вкупно 2522 жители!
Ако се знае дека на играва има и официјално вкупно 8915 Македонци, се поставува каде се останатите 6393 Македонци ?????

UPDATE> благодарност до jovce17 кој во коментарите ни посочи ажурирана и по точна статистика од официјалната во играва по која излегува дека само околу 300 Македонци се надвор од МКД..... сепак да оди зијан анализава 🙂 поздрав со една убава Македонска песна:

КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЦИ? КАДЕ СТЕ, КАЈ ОТИДОВТЕ?
ЗА ВАС ПЛАЧЕ МАЈКА МАКЕДОНИЈА!!!

http://www.youtube.com/watch?v=Iz9Ax7C45aI



Vote!
+
Sub!