One year with my Princess (celebrating)

Day 1,479, 12:29 Published in North Macedonia North Macedonia by TrajcheE

Се регистрирав на играва после бејби-бумот на Сител во Ноември, но тогаш како и секое еБебе бев изгубен, и ја напуштив играта, но после Нова Година кога започнаа празниците и немав толку обврски продолжив активно да ја играм играва па се до ден денес. Се сеќавам и на точниот датум 8-ми Јануари. До мене секогаш беше моето сегашно еБебе кое ми викаше што ги играш тие глупости, и не обрнуваше мнгу внимание на играва, но после 2-3 месеци веќе почна да се заинтересирува, па дури почна и понекогаш да се бори во битките наместо мене. И стануваше се поинересно и тука веќе почнав да и ги објаснувам сите работи во играва. Нејзе и стана доста инересно и кажував да се регистрира и да почне да игра, но она одбиваше бидејќи играва не била за девојkи. После некое време се зголеми доста бројот на девојки во играва, па дури и женски паравоени единици, па тоа за Емили беше мотивирачки за да се приклучи и она. Се регистира на 30-ти Јуни, според играта она беше еБебе, но не и како дуригте еБебеиња на почетокот изгубени во "свемирот", буквално знаеше се за играта. Конкурсот за амбасадори беше во Јули и она сакаше да се пријави, ми рече "Сакам да биадам амбасадор, но нема да ме примат зошто сум нова 🙁" и помогнав во врска со апликацијата ја направивме заедно и ја испративме, иако она не очекуваше дека ќе биде назначена за амбасадор сепак тоа се случи како новороденче ја доби амбасадорската позиција во Шпанија како што посакуваше, беше пресреќна.
Од тука па натаму почна нејзиното големо залагање за играва да помоггне за создавање на подобра заедница. Иако тогаш имаше многу искомплексирани луѓе, ја навредуваа неа и тие што ја избрале за амбасадорското место, сепак она работеше вредно, а истите подоцна го смениа мислењето за нејзе. Добиваше пофалби за работата од многумина. Беше среќна и задоволна. Отворете го нејзиниот весник и самите ќе видите колкав труд има вложено за сите статии, желбата кај нејзе е огромна за Македонија да победува и осојува, да биде се во најдобар ред внатре во државата, а уште поважно и е меѓународната политика. Кој не има и двајцата за пријатели можеби ќе видите дека кога пишува статија повеќето шаути за нејзината статија се од мене, си помагаме буквално во се` како на играва, така и во реалниот живот, раазбирливо
многу повеќе.

Денес е 8-ми Декември 1 година од кога сме заедно во реалниот живот, по тој повод за нашата годишнина сакаме да поделиме од славеничката торта, која ја правеше специјално Емили за сите вас. Иако не сум многу по благото, а и како фитнес инструктор не ги советувам луѓе да јадат многу благи работи, сепак денес ќе направам исклучок 🙂
Еве ја тортата Емили ќе ви подели на сите вас 🙂




Поздрав македонци/ки ве сакат Трајче и Емили