HAPPY HOUR !!!!! ( Haniibal )

Day 1,449, 14:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Werewolf MKD



Инспириран од некои кафиќи низ Скопјево и нивната промоција Happy Hour решив истата да ја предложам во играва.......

Сведоци сме на многу домашни проблеми кои се одразуваат на све,а поготово на еМакедонија и еМакедонците.....

Разделба на два домашни фронта......
-Феудалци(играчите со тенкари)
-Нивните слуги ("еБебињата" и играчите кои преживуваат од денес за утре)


Со цел да се намали вредноста на златото а да се зајача нашата валута МКД...Некои видни личности од играва имаат прилично добра идеа со РЕСТАРТИРАЊЕ на платите и намалување на цената на производството.....

Тоа беше првичната идеа...... Но што добивме од тоа ...... ?!?!?!

Платите се намалија без големи потешкотии (Секако кога им одговара на Феудалциве),но златото и цената на производството остана иста.....Дали од "Шверцерите" или нашите домашни профитери не е ни толку битно.....
Битно е дака пола еМакедонија остана гладна и незадоволна.....
Тоа се покажа и по штетата на единиците за цивили.......Која драстично се намали....

Да се разбереме,не ја серам идеата... Но резултатите се катастрофални......

Идеата е прилично добра и со мали измени би можела да биде совршена.......

Затоа ја предлагам промоцијава Happy Hour....Која се состои од:
-Намалување на платите 3 пати дневно.... (Непроменето)
-Намалување на производството,процентуално со платите.... Во истите термини кога платите се намалуваат.....

Пр.Ако реалната плата е 125 МКД... и се намали на 100 МКД... тоа е 1/5 од износот......Тенковите во тој случај треба да бидат од 25-28 МКД(Зависи од Raw материјалите) по парче.... И истите да се продаваат на маркет и само на маркет !!!

Со ова би постигнале мн подобри резултати и верувам дека сите страни ќе бидат задоволни....

Истота така ги повикувам сите играчи да се придржуваат кон договорот,и ако има исклучоци(паметни фацки кои ставаат децимали) истите да се казнат со незимање рефунд од државата или единицата.......
Ако не се членови на единица и се цивили..... Ги советувам граѓаните да не се затрчуваат за децималите и истите да ги избегнуваат.....
А ќарот од децималите јас лично ќе им го вратам 3 пати повеќе..Само нека се обратат по ПМ.....


Оставам простор идеава да проширува и надоградува...Секое ново мислење е добродојдено..... Сами си ја градиме државата во која живееме.... Па затоа да бидеме сложни Македонци... !!!