Hail PhoenixMK! \o/

Day 1,658, 14:13 Published in Spain France by Princess Emily

ЕРепублик е игра која, без разлика на несовршеностите и нееднаквоста, нуди многу можности. Овде можеме да се реализираме во одредени сфери, нешто што не би имале прилика да го искусиме никогаш во нашиот живот, или пак да усовршиме дадени особини кои се дел од нас, и истите да ги пренесеме во виртуелниот свет со цел да помогнеме на луѓето. Владеењето со држава и државни институции е навистина достижно овде, и тоа е едно ново искуство, иако само виртуелно, што сепак е голема предност со оглед на отсуството на последици.

Како и во вистинскиот живот, и во е-светот не секој може да застане на најважните државни функции, каде што одговорноста која ја носи секоја постапка е огромна кога е во прашање ситуацијата во соодветната е-држава. За таквите позиции, се одбираат најдобрите играчи, достојни претставници на е-земјите пред другите, луѓе кои своето слободно време го трошат на презентирање на нашата е-држава пред светот. Луѓе кои се посветени, грижливи, отворени, и кои работат за граѓаните на својата (е)татковина.

Најуспешните луѓе во секоја сфера остануваат запаметени помеѓу своите сонародници и некогашни соработници. Тоа е таа посебна група на луѓе, која оставила најголем впечаток при своето работење, најголем успех, и се вистински е-Македонските легенди. Печатот во историјата на е-Македонија кои сами го направиле, сега претставува пример за успешно работење во нивната соодветна сфера на дејствување во е-политиката.

Министерството за Надворешни работи според повеќе класификации може да се смета како едно од најзначајните според својата дејност. Кога ќе се вратиме малку назад во историјата на еМакедонија, ќе дојдеме до една важна личност, вистинска легенда која поставила пример за тоа што значи успешна работа, комуникации на врвно ниво, и достојно претставување на нашата земја пред останатите е-земји.
Тоа е нашиот учител, ментор, нашиот пример, PhoenixMK. Ја посветувам оваа статија токму на него, со цел да му заблагодариме за се што направил за нас како негови соработници и ученици, и за се што има направено за еМакедонија и за унапредување на нејзината надворешна политика. Покрај тоа, лично му се заблагодарувам за поддршката и вербата што ја имаше во мене, во моменти кога дури и јас ја губев.

Ова е цитат од Palavec, еден од членовите на еМакедонскиот МоФА тим:
“Моето патешествие со Министерството за Надворешни започна со понуда од Ел Че. Тој ми пристапи и ми кажа, Палавец ти од денес си под палката на Фениксмк!! Кога пристапив во министерството, без некој особени познавања околу тоа што треба да правам, а уште помалку кога феникс ме зеде под негова јурисдикција! Немаше мрдање од шаблонот кој тој го осмислили добро функционираше 3 месеци! Цело време беше тука да ме подучува, и кажува што треба да направам! Не ме караше ама баш никогаш!!! После некое време се подопуштив и дојде време кога почнаа и пофалници на мое име од името на странски претседатели да стигаат кон Феникс!
За крај сакам да му се заблагодарам на Феникс за предоброто и коректно туторство што ми го понуди, да им се заблагодарам на другите членови од министерскиот тим кој ме прифатија без никакви предрасуди и покрај тоа што ми беше првпат!”


PhoenixMK ти благодариме за се, ни беше чест што имавме можност да соработуваме со тебе.

Long live PhoenixMK, the best eMacedonian MoFA! \o/