120 Дена претседател на еМакедонија - Последна [Фантомот]

Day 2,660, 04:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Песна...

Добар ден Македонијо.

Веројатно ова е моето последно обраќање како претседател на нашата еДржава. Крај на еден пат кој за мене беше малце тежок, но го изодавме заедно до крај. Како претседател секогаш се трудев да бидам активен, нашата еМакедонија да биде активна и секако да се помага на нашите сојузници. Ако ме прашате дали тие 120 дена се вредни, би ви рекол вредни се ако играта е забавна и ако нешто се дешава. Првите 3 мандати ми беа поинтересни ради сојузите и тогаш огромната активност која беше од Аурора. Се прошетавме низ Скандинавските земји, потоа во Австралија и успеавме да извадиме конгрес кој не беше виден 8-9 месеци. Најбитното е сторено ги намаливме таксите за грчкиот џеб да не се полнит на товар на Македонскиот народ.
Имавме доста интересни битки како АС од Словенија и Грција во Австралија. Техничката потпора на Индонезија и секако добрата тактика. Имавме и доста занимлива битка со единицта МЕК, кои што пробуваа да не избришат но не успеаа исто како Словенија и Грција.

Како и да е тие 3 мандати беа доста занимливи и секако интересни барем за мене.


Четвртиот мандат решив да се бориме во нашите оригинални региони, затоа што сметав дека не треба да се лета, дека доста е бегање на страна и правење непријатели за еден конгрес. Конгрес кој сега нема никаква улога, ни за такси, ретко кој ќе се врати во еМКД и слично. Единствено конгрес е добро само ради брзи прсти и поголемата шанса за НЕ. Диктаторите го држат и конгресот сега во своите раце, па тој тотално ја губи својата вредност.

Сега дури и територии на страна и бегање за да се добие конгрес е доста лошо, особено ако државата нема свој диктатор, и секогаш ќе биде проблем од евентуално ПТО. Со ставање на свој диктатор овој ризик се намалува, но тој секогаш ќе биде присутен.

Успеавме да се ослободиме четири пати и акцијата започна од 6 ти фебруар па трае се до ден денес. Активни РВ`а и секако предложување на НЕ. Четири пати бевме побрзи од грците во законите за НЕ. Пофалба секако до конгресот за брзите прсти и нивната активност во мојот мандат.

Конгресот висеше и беше можеби 70% обезбеден, но ете последната битка на 24 ја изгубивме и тоа на огромна разлика од резултат 58 :14 за Македонија.
Грците се запнаа тука и не дозволија да имаме конгрес, иако стававме и CO и пукавме доста.

Со сојузниците можам да речам дека добро стоиме, си се помагавме меѓусебно но сепак најмногу соработка имав со Шпанија. Тие доста ни помагаја преку CO, преку supply на тенкови, но секако оваа мера им ја враќав во ист размер па и јас се залагав да правам поделби за нив и да се пука за нив. Верувам дека Шпанија е голем сојузник и дека може да биде близок пријател на Македонија. Се надевам дека и следниот ЦП ќе ја продолжи оваа соработка.

Средствата од НБРМ ги префрлив уште од старт околу 200к цц ги ставив во трезор, а јас работев со 90к цц кои беа во НБРМ, редев CO, делев тенкови за Шпанија, делев тенкови за support na RW -a против Грците. Се трудев рационално и максиум да ги искористам тие пари.



Се надевам дека и тие што ќе бидат после мене ќе се трудат да сторат нешто за нашата држава, дека ќе се грижат за нашите најдобри сојузници. Чувајте го контактот работите со нив, оти живот без пријатели не е живот.

Пониските дивизии и новите акаунти повеќе да влагаат во политика, повеќе да се ангажираат во влада, и да пробуваат на секој начин да бидат активни. Додека за тие што ќе решат да бидат претседатели пред се да им порачам дека мора да имаат време за вакво нешто, бидејќи играва бара време и активност.

До мојот тим кој работеше во сите мандати со мене им благодарам за времето кое што го потрошиле сакајќи да ми помогнат. Се надевам и јас ќе имам време да го сторам тоа некогаш кога вас ќе ви треба.
Фала до сите политички партии кои ме подржаа на изборите, секако фала на еМакедонија што гласаше за мене.

Се надевам дека уживавте во моето време како претседател па здравје некогаш можда пак ќе решам да се кандидирам.
До тогаш се најдобро.



Фантомот
о7


За шаут

120 Дена претседател на еМакедонија - Последна [Фантомот]
http://tinyurl.com/mj94kgs