1000 бесплатни лебови за Македонци!

Day 1,055, 02:42 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Во последните неколку денови може да се примети дека има многу Македонци кои повторно се враќаат на играта и го оживеале акаунтот и тоа многу ме радува.
Исто така има и нови играчи а треба да ги има и многу повеќе за да ги "преживееме" конгресменските избори и изборите за претседател на Република Македонија.

Во овие историски мигови треба да се подаде раката на солидарност и заедништво и да се помогне на сограѓаните.

Затоа сите оние на кои ви треба леб за да го подобрите здравјето или пак ви треба карта за да се преселите во нашата држава и да земете Македонско државјанство слободно оставете коментар и ќе ви биде помогнато!

И запомнете! Македонија ќе се брани и со последниот леб и камења😃 😃 😃