10 работи кои не сте ги знаеле за Bотката

Day 1,772, 06:23 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka


01. Еден литар вотка има маса од 953g, а не 1kg како што би се очекувало..

02. До 1885 год. вотката се продавала само во кофи од 12,3 литри, па дури и тогаш била популарен пијалак.

03. Иако чистата вотка е популарна, нејзните вкусови се широко достапни. Некои од најдобрите вотка вкусови се со црвена пиперка, ѓумбир, различни овошни вкусови, ванила чоколадо и цимет.

04. Вотката била користена во 15. век во Шведска за да се направи барут.

05. Пред употреба вотката треба да биде на 8-9 степени целзиусови. Само тогаш може да се почувствува вистинскиот вкус.

06. Вотката е најчистиот алкохолен пијалак на светот, бидејќи содржи помалку фузелови масла од другите алкохолни пијалаци.

07. Вотката може да се чува отворена само 12 месеци. После тоа се расипува.

08. За време на владеењето на кралицата Екатерина II вотката се сметала за најелитен пијалак во светот.

09. Во 1865 год. рускиот научник ја одбранил својата докторска дисертација на тема „Комбинирање вода и етанол“ (составот на вотката)

10. Во времето на цар Петар имало обичај дека секој амбасадор треба да испие вотка од 1,5 литри - Cup of the White Eagle.