Кандидатура за претседател на еМакедонија [YoYo.M]

Day 2,387, 11:36 Published in North Macedonia North Macedonia by YoYo.M

Македонијо о7

и благодарам на мојата партија што изразува доверба за мене и мојот тим.

Како прво сакам да ви се извинам на сите што ја објавувам кандидатурата за претседател волку касно, немав интернет неколку дена ама битно тоа се среди и можеме да продолжиме понатака.
Наша цел ќе биде пред се КООРДИНАЦИЈА со советниците и искусните луѓе кои се имаат покажано и докажано.

1.ВЛАДА НА еМАКЕДОНИЈА

Претседател воедно и МоД
- YoYo.M
Заменици
- SaveAss (премиер)
- KireDimoski (гувернер)
- Vojne (мод)

MoFA
- DarkoDimoski1
Заменик
- Severrus Snape

Информирање и образование
- Vasko101
- White Ajkula
- Ilijades

Советници на владата
- Alexander Macedon
- El Che G
- Phantom MKD

+

Дополнително пријавени членови кои ќе се разпоредат благовремено со формирање на владата
- SACIRMAKAKIS100
- KopajMakedonce

2.ВОЕН ПЛАН
- Во овој мандат планирано е да пробаме да направиме NAP со јужниве соседи. Воедно ќе собираме и средства за АС доколку не биде успешен NAPот. Во овој мандат можеме да очекуваме да се одвиваат интересни војни.

3.ФИНАНСИИ
Околу финансирањето ќе понудиме поголема одговорност за парите кои ќе ги побараме со конретна намена. Да бидеме реални без директен фитбек од играчите нема да има финансии за ништо така да ќе побараме помош од сите Македонци. За возврат ќе ги намалиме даноците на увоз за храна и тенкови на 1% за да имаат сите пристап до пазарот пак како Македонци. Негативниот ефект од ова во однос на одлевање на пари кај Јужните ќе биде минимален, но ќе гледаме да го искомпензираме во случај јужните повторно да преовладеат. Сево ова ќе се одвива во координација со конгресот и владата на еМакедонија.

4.НАДВОРЕШЕН ПЛАН
На надворешен план доколку не успееме да направиме NAP ќе се ангажираме да најдеме „пријатели“ за Јужните, за да си олесниме пристап до нашите домашни региони, во спротивно ќе биде далеку потешко. Исто така ќе ја задржиме сегашната ситуација во Аурора бидејќи е одлична. Амбасадорите ќе ги концентрираме на земји од интерес, останатите ќе бидат покривани од човек по континент.
Воедно ги повикувам играчите кои мислат дека можат некако да помогнат на својата земја, со ангажман или финансии да ја изразат својата поддршка што порано, за да знаеме кои капацитет го имамме пред да „летаме“ со кампањи без цел или полошо на наша штета.

Доколку имате некој забелешки, предлози или слично можете да ме најдете на чат ( #mkd.phantom ) под никот zhuti.
Со среќа на моите против кандидати. Се надеваме на фер избори!

Поздрав,
YoYo.M


о7