Македонија VS Италија-надмудрување меѓу ЕДЕН/ПАНАМ и NWO

Day 1,210, 02:50 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

Секој момент треба да започне војната меѓу Македонија и Италија или што би се рекло Моника Белучи еве не доаѓаме 🙂
Јас,а верувам и сите е-Македонци, со нетрпение ја очекувам.Веќе неколку дена кај нас се подготвува теренот за оваа војна.Почнувајки од редовно препукување преку весници,создавање државни и приватни залихи на парички,лепче и нормално тенкчиња,тракторчиња и багерчиња(секое со своја намена).
Читаме по весници разни статистики за тоа колку ние сме појаки од Италијанците и воено и економски и на играчки потенцијал.Не сакам ова да звучи деморализирачки,но сепак треба малку повнимателно да влеземе во оваа војна.Не верувам дека Италија случајно ја нападна Црна Гора,и тоа се случи во време кога ние се стациониравме во западна Србија.Мислам дека постои некој договор помеѓу Италија и нашите докажани непријатели Татарија,Гелјада,е-Романија и е-Хрватска,а како што гледате овој пат се вклучува и е-Америка.Сепак целата оваа ситуација е добро осмислена и темпирана од ЕДЕН и ПАНАМ.Но место за паника и страв нема.Како и да се одвиваат работите сепак ПОДОБРО Е ДА СЕ УМРЕ ВО ВОЈНА ОТКОЛКУ ОД ДОСАДА.
А мислам дека и NWO, односно нашите сојузници,нема да седат на страна и да бидат неми наблудувачи на она што се случува во нивниот двор.
Македонијо ти престои една долга и исцрпувачка војна од која ќе излеземе како победници.

МАКЕДОНИЈА ОБЕДИНЕТА И ВЕЧНА

P.S
Молам за VOTE и SUB