[VanCho] Пет години стана како ме зафана...

Day 2,451, 10:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski
Далечно е летото две илјади и деветата,
далечни се ноќите, непроспиени.
Од прилогот на сарма, дечиња ни надојдоа,
детски игри оставија, со еРепублик ги заменијааааа!

Пет години стана,
како ме зафана,
лудо да ме мачи,
оваа игра.

Каков човек беше,
тебе што те стори,
цел свет да се вклучи,
пари да троши.


I know I su*k at poems but who gives a fu*k it's my eBirthday and everything is allowed xD

Добра вечер Македонијо каде и да си \o/

немам пишано статија повеќе од една година, ниту пак активно пратам што се случува на еМакедонската воена и политичка сцена. Едноставно ќе се логирам еднаш во денот да работам и тренирам и ако фатам некој шаут како треба помош во некоја битка да испукам и толку. А на времето, на времето сум киснел со саати на оваа „глупа“ романска игрица. Сега вака кога ќе се навратам наназад, единствено позитивно нешто од приклучувањто на ова виртуелно семејство се вистниските пријатели кои тука ги стекнав и со некои од нив и до ден денес сум во контакт, ако ништо друго барем на фејсбук 🙂

Нејсе, немам некоја поента на статијава. Случајно видов која дата е денеска и ми текна дека токму на денешен ден се роди Бате Ване. Се роди во туѓина, во Варна на морето со една цел во својот еЖивот, да дочека своја еТатковина и таму да си дочека пензионерските денови како заслужен медар, овај пардон, борец за оваа наша еДржава...

Сакам само да ги поздравам сите оние кои ги знам, па и оние кои не ги знам и да ви кажам дека сите ве сакам 😘** xD

Кој не е на диета нека повели на торта


Кој е на диета нека продолжи така бидејќи тоа е здраво. Здравоо 😁

Да сте ми живи и здрави и Господ да ве чува!
Да живее Македонија!
МнМ!
ПнП!
ГсП!

о7, Бате Ване АрАмијата! мња 😘

ПС: Не се сТрамете некој поклон да донирате на славеникот...поклон во плик, ОК ЧАО ПОЗЗ